ЛЕТО 2024 – ГРЦИЈА
ВИЛА ЕВГЕНИЈА – НЕИ ПОРИ


Неи Пори 
е место, кое сеуште претставува најурбанизирано, а со тоа и најсредено летувалиште во областа Пиериа. Како релативно нов туристички центар, со својата планска поставеност, Неи Пори има неограничен потенцијал за развој. Листата на негови карактеристики ги започнува долгата и широка песочна плажа, зелените појаси и паркови, широките градски улици, како и големиот број на ресторани и кафетерии со прекрасен поглед кон синото море. Како дополнителни соджини за забава и рекреација, во местото се наоѓа и Луна парк, kартинг патека, спортски центар и водени спортови. Близината на Платамона и на Лептокарија се само дополнителен мотив за секој негов потенцијален гостин

Вила Евгенија се наоѓоa во новиот дел во Неи Пори, на 200 м од море. Располага со 1/4 студија, опремени со кујна, ТВ, WI-FI користење на клима уред е со доплата 5 евра на ден.
Кординати: 
39.97372, 22.6555

1/4 СТУДИО БР 1- Се наоѓа на приземје , има заграден дел од дворот кој го користи како тераса. Студиото е опремено со кујна со голем фрижидер и решо, WC, два дупли кревети, тв и клима.

1/4 СТУДИО БР 2- Се наоѓа на приземје , има заграден дел од дворот кој го користи како тераса. Студиото е опремено со кујна со голем фрижидер и решо, WC, два дупли кревети, тв и клима.

1/4 СТУДИО БР 3- Се наоѓа на приземје , има заграден дел од дворот кој го користи како тераса. Студиото е опремено со кујна со голем фрижидер и решо, WC, два дупли кревети, тв и клима.

термин

ноќи

1/4 ПРИЗЕМЈЕ

студио

24.05.24

9

140 промо

02.06.24

7

190

09.06.24

7

269

16.06.24

7

339

23.06.24

7

379

30.06.24

7

399

07.07.24

7

429

14.07.24

7

449

21.07.24

7

449

28.07.24

7

469

04.08.24

7

469

11.08.24

7

449

18.08.24

7

439

25.08.24

7

399

01.09.24

7

379

08.09.24

7

329

15.09.24

7

259

 

Услови под кои важи аранжманот

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

·         За уплата на два последователни термини, одобруваме 7% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

·         Доплата на туристичка такса 1,5 еур на студио од ноќ (се плаќа во објектот )

·         Користењето на клима-уред, (5 евра на ден) во студио.

·         WI-FI интернет -БЕСПЛАТНО (агенцијата не може да гарантира за јачина на сигнал)

 

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

·         За возрасни 2.780 мкд. (45 евра)

·         За деца до 12 години 2,170 мкд. (35 евра) 

·         Деца до 2 години бесплатно, без седиште

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

·         Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

·         За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

·         Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.

·         За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

·         Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

·         Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман .

·         Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред истите може да бидат избркани од страна на сопственикот на вилата и за тоа не добиваат обесштетување од агенцијата.

·         Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница  е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени

·         Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

·         Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.

·         Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

·         Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

·         Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените како и на самата агенција. 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и организаторот