01. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ
06. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).
02. ПРИЈАВА-ДОГОВОР И УПЛАТА
Пријава-договор за патување се прави до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријави можат да се извршат во агенцијата и во сите други агенции овластени за продажба на програмите. При пријавувањето, купувачот уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, доколку поинаку не е наведено во програмата, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата
03. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра, со обврска за плаќање во денарска противвредност според курсот на девизниот пазар - објавен од страна на организаторот. Секое барање за дополнителни услуги подразбира дополнителни плаќања. Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и другите услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност од купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надомести штетата произлезена од отказот. Доколку во рок од два дена од приемот на известувањето, патникот по писмен пат не го извести оргаизаторот дека се откажува од договорот, се смета дека ја прифатил новата цена. Дополнително објавување на намалување на цените на патувањето (на пр. специјални понуди или попусти од типот “last minute“) не може да се однесува на веќе склучени Договори и не може да биде основ за било каков приговор или рекламација на патникот кон организаторот на патувањето.
04. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ
онудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на објавувањето на програмата. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не превзема одговорност за било каква друга усмена или писмена информација, која не е во согласност со описот на услугите во понудената програма.
05. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ
Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги. Во ретки случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или “overbooking” од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или од повисока категорија, без надомест. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот, најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.
Корисникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба задолжително да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци како надомест во определен процент.
а) За пакет аранжмани (автобуски, авионски и комбинирани програми, како и чартер програми, бродски крстарења)
корисникот може да го откаже патувањето според наведените услови во самата програма.
Напомена: За одредени програми не постои можност за откажување поради издадени билети со редовни авионски
превозници кои не можат да се откажат или променат.
б) За резервации за хотели откажувањето на резервацијата мора да биде во согласност со наведените отказни периоди на самата понуда.
в) Резервациите кои содржат било каков попуст (пр. Early booking, Last minute, SPO и слично) се без право на отказ и подлежат на 100% отказни пенали, освен доколку не е наведено поинаку.
г) Доколку на самата програма/понуда не се наведени отказни периоди и ако истата не содржи попуст, тогаш се постапува по следната скала:
д) од 59 до 25 календарски дена пред датумот на патување - во висина на депозитот, но не помал од 30% од вкупната цена на туристичкиот пакет;
ѓ) од 24 до 20 календарски дена пред датумот на патување 50% од вкупната цена на пакетот;
е) од 19 до 14 календарски дена пред датумот на патување 80% од вкупната цена на пакетот;
ж) помалку од 14 календарски дена пред датумот на патување 100% од вкупната цена на пакетот;
По исклучок на
горенаведената скала, ќе се применуваат посебни скали на отказни трошоци за
патување во следниве случаи:
· За бродски крстарења -
согласно условите за патување и отказ кои ги креира давателот на крајните услуги.
· За индивидуални -
интерконтинентални / далечни патувања - согласно условите за патување и отказ
кои ги креира
давателот на крајните услуги.
· За ученички екскурзии,
настава во природа, студентски патувања, конгреси и семинари - согласно
условите на патување
кои ке бидат различни во зависнот од
Договорот на двете страни и ќе бидат дополнително договорени.
· Патувања кои се
резервирани по цени за рано букирање ("Early Booking"), специјални
промоции (SPO) или во последен
помент ("Last Minute"). За отказ,
без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од
уплатената
сума, освен во ситуации кога е наведено
поинаку, или доколку организаторот дозволи да се постапи поинаку.
д) за резервации на автобуски или авионски
билети важат условите, правилата и прописите на превозникот како и
домашните/меѓународните правила за транспорт
за типот на превозот.
Доколку патникот благовремено го откаже
патувањето, организаторот има право на манипулативен трошок во износ од 10€
(евра), по пријавадоговор. Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на
упит”, организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената
аконтација.
Доколку патникот го менува терминот на поаѓање
на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото
поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе
наплати само манипулативни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред
почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне
или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна
непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во
тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, меѓутоа ги
надоместува реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, кои
организаторот е обврзан да ги плати кон давателите на услугите без право на
рефундација.
Доколку патникот сака дополнително да се осигура
од гореспоменатите - непредвидливи причини за отказ на аражманот, настанати во
периодот од потпишување на договорот за патување до почетокот на патувањето,
како и за време на патувањето, препорачуваме да се осигура од “ризик на
откажување на договорено туристичко патување” кај Осигурителна компанија. Оваа
осигурителна полиса треба да се договори и уплати на продажното место,
истовремено при самата уплата на аранжманот.
Доколку патникот се откажува од аранжманот по
почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во
местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша
сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни
незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги
предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има
обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши
рефундација на истите.
ТА ЛАГУНА ЏЕТ ПЛУС ДООЕЛ
ПАТНИК____________________________________________________