ЛЕТО 2026 - ИТАЛИЈА
НЕАПОЛ - СОРЕНТО - АМАЛФИ РИВИЕРА

Термини: 08.05.2026/ 29.05.2026/ 05.06.2026 / 19.06.2026/ 03.07.2026 / 17.07.2026/ 31.07.2026/ 14.08.2026/ 28.08.2026


од 699€ (43.338 денари)


НЕАПОЛ (Наполи)
 – Основан пред повеќе од 2.500 години, Неапол е еден од најстарите континуирано населени градови во светот. Прошетајте низ неговиот историски центар – светско наследство на УНЕСКО – каде што тесните улички од калдрма водат до скриени цркви, подземни катакомби и палати стари со векови.

КАПРИ - Издигнувајќи се од длабоките сини води на Тиренското Море, Капри е остров од соништата кој со векови ги воодушевува посетителите. Познат по своите драматични карпи, тиркизни пештери и елегантен шарм, Капри претставува совршена мешавина од природна убавина, луксуз и италијанската животна убавина.

 

ПРВ ДЕН (петок) Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 16:30 часот, пристигнување во Неапол во 18:10 часот. Панорамска прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli – катедралата, Royal Palace of Naples, Piazza del Plebiscito – централниот плоштад, Teatro di San Carlo – прочуен театар, Castel Nuovo – средновековна тврдина, и други знаменитости. Сместување во хотел. Ноќевање
ВТОР ДЕН (сабота) Појадок. Трансфер до пристаништето во Соренто, тргнување со фери брод до Капри. Панорамска прошетка по островот со посета на главните знаменитости: Villa Jovis – римска вила на императорот Тибериј, Chiesa di Santa Maria – црква со историско значење, светилникот Faro di Capri, Villa
 San Michele – позната вила со музеј и градини, и Chiesa di San Michele Arcangelo. Враќање со ферибот до Соренто. Сместување и ноќевање во хотел.
ТРЕТ ДЕН (недела) Појадок. Пешачка тура низ Соренто со посета на пристаништето, катедралата, Манастирот Свети Франциск, базиликата Сан Антонио.
Опционално:
 Поаѓање со брод до Позитано. Пешачка прошетка низ Позитано со посета на црквата Chiesa di Santa Maria Assunta – позната црква со мозаик, и пристаништето.  Поаѓање со брод до Амалфи. Пешачка тура низ Амалфи со посета на Катедралата, Museo della Carta – музејот на хартијата, Chiostro del Paradiso – историскиот клостер, и други знаменитости. Се продолжува со брод до Салерно. Пристигнување и панорамска прошетка низ градот со посета на: Castello Arechi – средовековен замок, Cattedrale di Salerno – катедрала, Giardini della Minerva –ботаничките градини и шеталиштето Lungomare. Сместување и ноќевање во хотел.
ЧЕТВРТИ ДЕН (понеделник) Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

ПЕТТИ ДЕН (вторник) Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.
ШЕСТИ ДЕН (среда) Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.
СЕДМИ ДЕН (четврток) Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.
ОСМИ ДЕН (петок)  Појадок во хотел. Попладне, трансфер до аеродромот во Неапол. Лет Неапол - Скопјe. Поаѓање од Неапол во 18.45 часот. Пристигнување во Скопјe во 20.15 часот
 
Во цената се вклучени следниве услуги:

-Авионска карта на релација Скопје - Неапол - Скопје со Wizzair
-Аеродромски такси
-Рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
-7 ноќевања со појадок: - 1 ноќевање во Неапол, 1 ноќевање во Соренто, 5 ноќи во Салерно
-Фери брод Соренто - Капри.
-Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
-Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и пратител
-Организација на патувањето и придружник од агенцијата за време на првите 4 дена (за време на разгледите)
 
Во цената не се вклучени следниве услуги:

-Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Факултативни излети
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
 

Важна напомена:
1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели

Забелешка: Поради забраната за автобуски превоз по брегот на Амалфи, патувањата и екскурзиите во Позитано и Амалфи ќе се реализираат исклучиво со брод, по следната маршрута: Соренто – Позитано → Позитано – Амалфи → Амалфи – Салерно. Цената за ова патување со три бродови изнесува 50 евра. ** Плаќање при пристигнување во дестинацијат. За лицата кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопатот).


Општи услови:

-Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
-За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
-Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
-За резервација задолжителна уплата од 100%
-Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
-Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали

-Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150 €
-Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
-Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
-За овој аранжман важат општите услови на патување на организаторот