ОСМОМАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
ИСКУСИ ЈА СЛОВЕНИЈА (со посета на Трст)
(16 - 19.03.24)

Основниот впечаток кој ви останува по посетата на Словенија е зелената боја. Зеленилото е насекаде околу вас – од фино средените паркови во урбаните средини, преку раззеленетите тунели низ кои поминувате додека ја шетате земјата, па се’ до природните предели кои ве оставаат без здив.

16 март 2024  (сабота) СКОПЈЕ – ЉУБЉАНА    Состанок на групата на аеродром Скопје во 04.30 часот. Поаѓање за Љубљана во 06:40. Пристигнување на аеродром Брно крај Љубљана и организиран трансфер до Љубљана. Разгледување на градот со професионален водич: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франце Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер. Сместување во хотел. Слободно попладне и вечер. Ноќевање.

17 март (недела) ЉУБЉАНА – ПОСТОЈНА – ТРСТ – ЉУБЉАНА  Појадок. Предлагаме факултативна посета на Трст и  Постојнска Јама – најпосетуваната туристичка атракција во Словенија. Постојнска јама (пештера) е најголемата пештера во Словенија. Постојнската јама е една од најголемите геолошки атракции во Словенија. Представува 20.570 метри долга системска пештера. Во тој систем спаѓаат уште и Отошка, Магдаленината, Джрна и Пивка пештерата. Овој систем на пештери настанал под влијание делумно од понорницата на реката Пивка, која во својот тек последните 2 милиони години, го образувала неговиот сегашен изглед и форма. Во внатрешноста на пештерата температурата е константна и изнесува од 8˚С до 10˚С. Најголема длабочина на Постојнската јама изнесува 115 метри. Постојнската пештера е богата со биолошки врсти во подземниот свет.

Заминување за прекрасниот Трст. Трст е чуден град, кој се наоѓа во северниот дел на Италија, свртен кон Јадранското Море и се граничи со Словенија. Тој е главен град на регионот Фруили-Венеција Џулија. Овој град е сад за топење на разновидни култури, бидејќи се наоѓа во Италија, на чекор од Словенија и беше дел од Австро-унгарската империја. Иако сè уште не е во можност да ја надмине популарноста на другите италијански градови, тоа е место кое вреди да се види. Тоа е прекрасен град, кој делува инспиративно и ужива во добра клима. Ќе го видиме Замокот Мирамаре –прекрасен замок со поглед на Јадранско Море, подигнат за Архивојводата Максимилијан од Хабсбург и неговата сопруга Шарлот од Белгија.  Веќе во центарот на Трст можеме да одиме на Пјаца дела уна, најцентралното место. На овој широк и убав плоштад можеме да видиме неколку палати како што е  Градската палата, владина палата, палатата Питери, куќата Страти и палатата Модело. Сите овие згради му даваат на плоштадот елегантен и уникатен стил. Во Палацо Страти можеме да најдеме едно од најтипичните кафулиња на овој град, во кое има и неколку кои се од интерес. Заминување за Словенија. Пристигнување во доцните вечерни часови. Ноќевање.

18 март (понеделник) ЉУБЉАНА – БЛЕД – БОХИЊ

Појадок. Факулатативна посета на Блед – бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природа опкружено со планински врвови.  Сместени на час и половина лесно возење од главниот град Љубљана, Блед и Бохињ се вистински магнет за туристите. Движејќи се низ одлично уредени зелени појаси со сликовити села во кои секој агол е уреден до детал, нашиот план за тој ден е прво да се посети подалечниот Бохињ, а потоа да се вратиме во идиличниот Блед. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Заминување за Љубљана и пристигнување во вечерните часови.  Ноќевање.

19 март (вторник) ЉУБЉАНА -СКОПЈЕ- БИТОЛА

Појадок (спакуван).  Организирано заминување кон аеродром во 06.00 часот. Лет за Скопје во 08:55 LJU  W6 7784 10:30 SKP. Пристигнување во Скопје во пладневнте часови.

 



ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 369 евра ( 22.878 денари)
Цена во претпродажба до 31/01/2024: 343 евра (21.270 денари)

 

Деца 2-12 години со двајца возрасни 299 €.
Еднокреветна соба 439 €.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз со  Wizzair  на релација Скопје – Љубљана со рачен багаж (30 х 40 х 20 cm 10 кг)
– Аеродромски трансфер со високо туристички автобус
– 3 ноќевања со појадок во хотел со  3* во центар на Љубљана https://www.hotel-bb.com/sl/hotel/ljubljana-park
– Разглед на градот со локален водич.
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во хотелот).
– Факултативна посета на Постојнска Јама и Трст со професионален водич (60 евра).
– Факултативна посета на Блед и Бохињ со професионален водич (50 евра).
– Влезници за локалитетите.
– Задолжително патничко-здравствено осигурување.

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
Пријавување за факултативните излети при резервација на аранжманот.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите. За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.