ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
Малага – сончевиот бисер на Андалузија, град на уметност, историја и вистински медитерански шарм
08 – 13.04.2026
Малага претставува еден од најстарите градови во Европа, лоциран на прекрасната област Коста дел Сол, каде што морето, културата и гастрономијата се спојуваат во совршена хармонија. Овој жив град нуди уникатна комбинација на традиција и современ дух, со богато културно наследство и пријателска атмосфера што веднаш освојува.
Родниот град на Пабло Пикасо е дом на бројни музеи, уметнички галерии и историски споменици – од импресивната тврдина Алказаба и римскиот театар, до величествениот катедрален храм и модерниот Музеј на Пикасо. Прошетките низ старото градско јадро, полни со тесни улици, локални барови и шармантни плоштади, нудат вистинско уживање за сите сетила.
Малага е град на сонцето – со повеќе од 300 сончеви денови годишно и прекрасни плажи кои се протегаат по должината на брегот. Плажите Ла Малaгета и Педрегалехо се совршени за одмор и релаксација, а вечерите се исполнети со живот, музика и вкусна андалузиска храна.
Гастрономијата е вистинско доживување – од свежа морска храна и традиционални тапаси, до локално вино и ароматични јадења што ја одразуваат душата на Андалузија.
08.04.2026 Собир на групата во Скопје на договорено место и тргнување кон Тирана. Пристигнување на аеродромот во Тирана два часа пред летот. Полетување за Малага во 18:10 часот. Слетување во Малага во 21:35 часот. Трансфер до хотел. Ноќевање
09.04.2026 Појадок во хотелот. Следува панорамско разгледување на градот со автобус и водич на српски јазик: пристаништето и плажата Малагета, арената за корида, катедралата, замокот Гибралфаро кој потекнува од 10 век и се наоѓа на рид над градот, Алказаба – маварска палата, римски театар, центарот на градот – улицата Маркес де Лариос, музејот на Пикасо...
По разгледот, слободно време и поаѓање кон Торемолинос. Ноќевање.
10.04.2026 Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет до Марбеља и Ронда. Марбеља е едно од најпознатите летувалишта на медитеранскиот брег и еден од најпосетените градови на Коста дел Сол. По заедничкото разгледување и слободното време, следува патување кон Ронда – еден од највпечатливите градови во Андалузија. Разгледување на градот со водич: мостот Пуенте Нуево, од каде се пружа најубавата панорама на градот и кој ги поврзува стариот маварски дел и новиот дел Ел Меркадио; арената за борба со бикови – една од најстарите во Шпанија; арапските бањи, палатата Мондрагон, палатата на маварскиот крал, градските порти и ѕидини, плоштадот Дуке де Парсент со црквата Санта Марија... Слободно време за индивидуално уживање во овој прекрасен град. Во договорено време, поаѓање кон Торемолинос. Ноќевање.
11.04.2026 Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или факултативен излет до Севиља. Севиља е главен град на Андалузија, сместен во долината на реката Гвадалквивир. По пристигнувањето, разглед на градот: катедралата изградена на местото на поранешна џамија по протерувањето на муслиманите, Алказар – стара маварска палата, Златната кула, Градската куќа, паркот Марија Луиза со бројни споменици и музеи, арената за борба со бикови од 19 век... Катедралата во Севиља е најголемата средновековна готска катедрала, богато украсена со злато и позната по тоа што во неа е погребан Кристофер Колумбо. По разгледот имаме слободно време. Патување назад кон Торемолинос. Ноќевање.
12.04.2026 Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативен излет до Антекера и Гранада. Антекера е импресивен мал град со повеќе од 50 споменици и пештери кои датираат од бронзено доба. Разгледување на центарот: палатата Најера, манастирот Каталинас и палатата на Маркизот де ла Пења. Потоа следува патување до Гранада и панорамско разгледување на градот. Гранада е универзитетски град кој се наоѓа под планините на Сиера Невада. На рид над градот се издига познатата Алхамбра – комплекс на кралски палати со уредени дворови, базени, фонтани и градините на Хенералифе. По разгледот следува слободно време. Во договорено време поаѓање кон Торемолинос. Ноќевање.
13.04.2026 Појадок во хотелот. Напуштање на собите. Слободно време до трансферот на аеродром. Трансфер до аеродромот во Малага. Полетување за Тирана во 22:20 часот. Слетување во Тирана во 01:35 часот.
599 € за возрасно лице
559 € за деца од 2 – 11,99 години
80 € за деца до 2 години
Во цената се вклучени следниве услуги:
Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
Повратен авионски лет од Тирана со рачен багаж
Аеродромска такса
5 ноќевања со појадок во Tent Torremolinos 3* https://www.tenthotels.com
Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
Во цената не се вклучени следниве услуги:
Туристичка такса по лице / ден
Факултативни излети
Патничко осигурување
Локален транспорт: метро или автобуски билети
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна. Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната. Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување. При резервација се уплаќа аванс од 50% од вкупната сума. Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД. Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите. Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените. Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
09.04 – ДЕН 2 - Торемолинос - Марбеља и Ронда (Факултативна - целодневна тура) Цена на излетот: 85 Еур Поаѓаме утрото од Торемолинос кон Марбеља. Започнуваме со посета на Марбеља, едно од најпознатите медитерански летувалишта. Благодарение на својата идеална географска положба, пријатната клима и престижната репутација, Марбеља е еден од најпосетуваните градови на прочуената Коста дел Сол. Ќе прошетаме низ старата чаршија, прекрасните плоштади и модерната марина, каде што се чувствува духот на елегантниот медитерански живот. Патувањето продолжува кон Ронда – град кој се смета за едно од најголемите богатства на Андалузија, оддалечен околу 100 km од Малага. Градот е препознатлив по драматичната панорама и неговата уникатна локација над длабокиот кањон на реката El Tajo. Најимпресивниот симбол на Ронда е мостот Puente Nuevo, чија изградба започнала во 18 век и траела цели 42 години. Тој го поврзува стариот маварски дел од градот со поновиот дел – El Mercadillo. Ќе ги видиме и најзначајните знаменитости на градот: • арената за корида – една од најстарите во Шпанија, • најдобро зачуваните арапски бањи во регионот, • палатата Mondragón, • палатата на маварскиот крал, • старите градски капии и одбранбени ѕидини, • плоштадот Duquesa de Parcent, сметан за еден од најубавите плоштади во Ронда, каде што се наоѓа и црквата Santa María. По разгледот, следи враќање во хотел и слободна вечер.
10.04 – ДЕН 3 - Торемолинос - Севиља Цена на излетот: 100 Еур Факултативна екскурзија – Севиља Појадок. По заминувањето од Торемолинос се упатуваме кон Севиља, главниот град на Андалузија, сместен во плодната долина на реката Гвадалквир. Многумина ја сметаат Севиља за еден од најубавите европски градови – вистински музеј на отворено. Катедралата во Севиља – најголемата готска и средновековна катедрала во светот, изградена на местото на стара џамија по заминувањето на Маврите. Внатрешноста е богато украсена со злато и ремек-дела на изведбата. Во неа се наоѓа и гробницата на Кристофер Колумбо. Гиралда – најпознатиот симбол на градот. Кралскиот Алказар – поранешна маварска палата, еден од најубавите примери на мудехар архитектурата. Златната кула (Torre del Oro) – прочуената стражарска кула покрај реката. Градската куќа и историскиот центар со неговите улички. Парк Марија Луиза – најубавиот парк во Севиља, опкружен со музеји, палати и споменици. Арена за корида од 19 век – една од најпознатите во Шпанија (панорама однадвор). Плоштад Шпанија - еден од најубавите и најпознати плоштади во Шпанија Катедралата заедно со Гиралда од 1987 година се под заштита на УНЕСКО. По разгледот следи слободно време за индивидуални активности, прошетка или ручек. По договор, заминување и враќање во хотелот. Ноќевање.
11.04 – ДЕН 4 - Торемолинос - Гранада Цена на излетот: 85 Еур + долпата за влезница во Алхамбра 45 Еур (со вклучен локален водич од дворецот Алхамбра) Појадок. Денот го посветуваме на Гранада, еден од највпечатливите и најромантични градови во Шпанија, познат како последната маварска престолнина и градот на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон. Следува посета на мистичната и величествена Алхамбра – чиј назив на арапски значи „Црвената тврдина“. Ова архитектонско ремек-дело е вистинско чудо на исламската уметност и претставува еден од најпрестижните и најпосетувани историски комплекси на Пиринејскиот Полуостров. Алхамбра е составена од: маварските палати со неверојатни детали и резби, моќните тврдини и стражарски кули, величествените Nasrid палати, мирните дворови и фонтаните, прекрасните Генералифе градини – оаза на мир и инспирација за поети, уметници и патници со векови. Од 1984 година, целиот комплекс е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. По разгледот – слободно време за прошетка низ Гранада или панорамско кафе со поглед кон Алхамбра. Враќање во хотел и ноќевање.
12.04 – ДЕН 5 - Торемолинос - Кордоба Цена на излетот: 90 Еур Појадок. По заминувањето од хотелот се упатуваме кон Кордоба, град кој често го нарекуваат „осамениот бисер во срцето на Андалузија“. Сместен покрај реката Гвадалакивир, Кордоба е град што со векови инспирира поети, меѓу кои и Федерико Гарсија Лорка, благодарение на неговата тивка убавина и извонредна архитектура. Започнуваме со разглед на најзначајните делови од градот: Стариот римски мост, симболичен влез во историското јадро. Еврејскиот кварт (Judería) – лавиринт од тесни, живописни улички исполнети со чаршиски дух и традиционална андалузиска архитектура. Џамијата–Катедрала Мескита, најголемото архитектонско богатство на Кордоба и еден од највеличествените верски објекти во светот. Нејзината шума од столбови, хармонија на исламската и христијанската уметност и уникатниот стил ја прават вистинско ремек-дело. Мескита е под заштита на УНЕСКО и претставува најпрепознатливиот симбол на градот. По разгледот – слободно време за прошетка, фотографирање, кафе во старата чаршија или дегустација на локални специјалитети. Враќање во хотел и ноќевање.
13.04 – ДЕН 6 - Торемолинос - Малага (Аеродром - Тирана) Цена на излетот: 40 Еур Појадок, одјавување од хотел и поаѓање кон Малага. Малага или престолнината на Коста дел Сол и родниот град на Пабло Пикасо. Пристигнување и краток разглед на центарот, идеален за брзо запознавање со духот на овој живописен медитерански град. Ќе ги видиме најважните знаменитости: Катедралата на Малага – позната по својот недовршен втор кулa Римскиот театар – сместен под мавританската тврдина Старата чаршија и пешачката зона Calle Larios – идеални за прошетка и кафе Панорамски ќе ги погледнеме и мавританските тврдини Алкасаба и Гибралфаро, кои ја раскажуваат богатата историја на градот. По убавиот разглед следи слободно време за прошетка, фотографирање или уживање покрај морето со многу препораки за локални специјалитети, уживање во уникатни кафулиња на прекрасни локации. Потоа трансфер кон аеродромот во Малага и подготвување за повратниот лет кон Тирана и трансфер до Скопје.
Вкупна цена на екскурзии = 445 еур.
Уплата за пакет за сите екскурзии според програмата = 355 еур
Аранжманот е СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
Резервацијата стапува во сила по уплата на аванс од 50% од вкупната цена. Целосната доплата мора да биде извршена најдоцна 15 дена пред поаѓање.
Распоредот на активности, временските термини и редоследот на разгледите може да се менуваат во зависност од локални услови, временски прилики, работно време на институциите или други непредвидени околности.
Факултативните излети се реализираат со минимум 20 пријавени учесници. Во случај на помал број, цената може да биде изменета или излетот да не се реализира. Организаторот го задржува правото да изврши промена во цените на факултативите само доколку дојде до промени на влезниците, транспорт или други надворешни трошоци со задолжителна претходна најава кон патниците.
Патниците се должни да поседуваат важечки патни документи согласно правилата на земјите низ кои се патува. Организаторот не сноси одговорност за можни задржувања на гранични премини, промени во авионски распореди, штрајкови, технички проблеми или други фактори кои се надвор од негово влијание. Препорачуваме патниците да имаат патничко осигурување, соодветно за времетраење и содржина на патувањето.
За ова патување важат Општите услови за патување .