ОСМОМАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
ЛИСАБОН И ПОРТО
06.03 – 11.03.2024 
5 ноќи – 6 дена | Лет од Скопје

Авионски лет:

Turkish Airlines (Скопје – Истанбул - Скопје)

Поаѓање:

06.03.2024 во 08:45ч. (Скопје)

Пристигнување:

11.03.2024 во 15:30ч (Лисабон)

Услуга:

5 ноќевања со појадок – 5BB

Сместување
(услуга)

3 ноќи Hotel Holiday Inn Express Avenida 3*  (Ноќевање со Појадок)

2 ноќи Hotel Legendary 3* (Ноќевање со Појадок)

Друго вклучено:

Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македонија

Враќање во Скопје:

11.03.2024 во 19:55ч.


Лисабон - Главен и најголем град во Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција: Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт, Плоштадот Комерцио, Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО

Порто - Втор град по големина во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Познат по виното, кое што го носи истото име, како и по својата историја, туристичките атракции и бројните кафулиња, ноќните клубови, кои го прават градот вибрантен.         
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

06. Март (среда)    СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ЛИСАБОН   Собир на групата на аеродромот во Скопје два часа пред лет, во 06:45 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 12:20 часот по локално време. Полетување во 13:25 и пристигнување во Лисабон во 15:30 часот по локално време. Трансфер до хотел со попатен панорамски разглед (околу 2 часа) на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик. Ќе ги посетиме најважните места на градот: Плоштадот Рестаурадорес, елегантната Авенија на Слободата , кружниот тек на Маркиз де Помбал. Првите слики ќе ги направиме во Паркот Едвард VII,  најголемиот јавен парк во Лисабон. Потоа заминуваме кон најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век. Сместување во хотелот. Вечерта, слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

07. Март (четврток) ЛИСАБОН  Појадок. Oрганизирана посета на квартот Алфама (со јавен превоз), возење со стариот трамвај бр.28, прошетка низ стариот град сместен во тврдината/замокот s.Jorge, попатно посета на Катедралата, посета на националниот Пантеон. Слободно време за ручек. Попладне посета на делот од градот каде се наоѓа мостот 25ти април (сличен на мосот во Сан Франциско). Во вечерните часови посета на квартот со вибрантен ноќен живот и розевата улица.... Враќање во хотел, индивидуално со јавен превоз. Ноќевање.

08. Март (петок)    ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА  (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра (окоу 8 часа), сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19-ти  век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставуваат совршен контраст на зеленилото кое ја опкружува. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло.Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Факултативно, вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.

09. Март (сабота)   ЛИСАБОН - Батаља – Алкобака – Коимбра ПОРТО Појадок. Организиран трансфер до Порто. Попатна посета на Батаља каде ќе го посетиме националното обележје на Португалија, ремек-дело на готската архитектура, класифицирано на листата на светското културно  наследство на УНЕСКО, манастирот Санта Марија да Виторија (14-16 век). Патувањето продолжува кон Алкобака. Посета на манастирот Санта Марија д'Алкобака - основан во 12 век од кралот Алфонсо I. Неговата големина, чистотата на неговиот архитектонски стил, убавината на материјалите и грижата со која е изграден го прават ова ремек дело на цистерцијанската готска уметност. Продолжуваме до Коимбра, еден од најважните универзитети во Европа. Посета на Универзитетот со неговата извонредна кралска библиотека. Заминување за Порто. Сместување во хотел. Вечерта, слободно време за уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик.   Ноќевање.

10. Март (недела) ПОРТО  Појадок. Прошетка до улицата Света Катерина. Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Можност за крстарење по реката Дуоро. Ноќевање.

11. Март (понеделник)       ПОРТО – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ   Ран појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Порто. Полетување за Истанбул во 10:55 часот. Пристигнување во Истанбул во 18:40 часот и полетување за Скопје во 20:25 (локално време). Слетување во Скопје во 19:55 часот.

ПАКЕТ АРАНЖМАН – ПОРТУГАЛИЈА 
ХОТЕЛ 3*

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

06.03 – 11.03.2024

ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ

06.03 – 11.03.2024

УСЛУГИ

5BB

НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ

5Н/6Д

Цена по лице во двокреветна соба

959€ / 59.458 мкд

Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 15.Декември

895€ / 55.490 мкд

Цена за дете до 5,99 год*

655€ / 40.610 мкд

Цена за дете од 6 до 11,99 год*

745€ / 46.190 мкд

Доплата за еднокреветна соба

280€ / 17.360 мкд

 *на барање ! сместувањето за дете е на дополнително легло, софа на спуштање, доколку има расположливо !!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во цената е вклучено :

·         Авионски превоз со Туркиш Ерлајнс на релацијата Скопје – Истанбул - Лисабон и Порто– Истанбул - Скопје

·         Аеродромски такси

·         Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (1 ташна /торба до 8 kg)

·         Трансфер од аеродромот до хотелот во Лисабон со попатен панорамски разглед на градот  (06.03)

·         Прошетка низ Лисабон (07.03)

·         Трансфер од  Лисабон до Порто со попатни разгледи на Батаља, Алкобака и Коимбра според програмата (09.03)

·         Прошетка низ Порто (10.03) според програмата

·         Трансфер од хотелот во Порто до аеродром (11.03)

·         3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лисабон

·         2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Порто

·         На барање може да се смести максимум едно дете во соба на дополнително легло.

·         Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Напомена: хотелите НЕ располагаат со трикреветни соби!  На барање може да се смести максимум едно дете во соба на дополнително легло.

 

Во цената не е вклучено :

·         Туристичка такса 10 евра (се плаќа во хотелите на рецепција 2 евра / ноќевање)

·         Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) со вклучена влезница за Палата Пена - 90 евра (задолжително пријавување во агенција, при резервација)

·         Факултативна вечера со Фадо – 90 евра – трансфер, ноќен панорамски разглед на Лисабон, вечера со програма, вкупно времетраење околу 4 часа (задолжително пријавување во агенција, при резервација)

·         Влезници во локалитетите и манастирите

·         Карти за локален превоз (метро)

·         Задолжително патничко - здравствено осигурување.

Забелешки:

·           Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.

·           За резервации потребен е аванс од минимум 30% од вкупнот износ на аранжманот.

·           Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.

·           Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.

·           Организаторот на  патувањето го  задржува  правото, во случај  на промена на  цената  на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.

·           Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.

·           Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.

·           Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.