ИСТАНБУЛ
Авион/ 3 дена/ 2 ноќевања

 

08. Декември (Петок)       СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ  Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 часот и пристигнување во 12:15 часот (локално време). Трансфер до хотелот и сместување. Панорамски разглед на градот: Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Eкспрес), плоштадот Таксим, Галата кулата, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, продолжуваме кон најшармантните делови на Истанбул – Фенер и Балат. Во населбата Фенер се наоѓа Вселенската Патријаршија, а Балат некогашниот Еврејски кварт, денеска е познат по симпатичните тесни улици и шарени куќи. Посета на видиковецот Пјер Лоти, името го добил по францускиот книжевник кој тука ја пишувал книгата за Истанбул. Уживајќи во прекрасниот поглед во истоимената кафана, можност да вкуси најдоброто кафе или турски чај... Вечерна прошетката во елитната населба Нишанташи, во близина на хотелот. Ноќевање.

09. Декември (Сабота)  ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ  Појадок. Факултативна прошетка по просториите на Султаните и Царевите, по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша и стариот султанов дворец Топкапи, официјалната резиденција на отоманските султани. Топкапи палатата ги чува приказните за огромно богатство на султаните, од три страни опколена со море, каде може да се посети и со векови забранетата зона, Султанскиот Харем. Прошетката продолжува со посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот и позната по рачно изработените плави плочки. Следува разглед на прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, па музеј, а денеска повторно џамија - отворена за сите посетители. Можност за посета на Капали Чаршија, затворен трговски пазар со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини. Во вечерните часови, факултативна вечера во национален ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

10. Декември  (Недела)   ИСТАНБУЛ – УБАВИНИТЕ НА БОСФОР – СКОПЈЕ  Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет Убавините на Босфор кој вклучува посета на Долмабахче Палатата и крстарење со брод по Босфор. Долмабахче Сарај е најубавата резиденција на Отоманскиот Султан со музејска збирка со непроценлива вредност, со Харемот - делот резервиран за жените, како и Селамик - делот за мажите, каде се наоѓа огромната церемонијална сала со најтешкиот лустер на светот. Во Палатата се наоѓа се што било најскапо во тој период – венецијанско стакло, кристали, чешки порцелан, белгиски теписи... Крстарејќи по Босфорскиот проток кој ги поврзува Европа и Азија, се ужива во погледот на палатите, тврдините, мостовите и елитните делови на градот. Трансфер до Аеродромот во Истанбул. Полетување за Скопје во 20:25 часот (локално време) и пристигнување во 19:55 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  369 евра (22.900 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со вклучени аеродромски такси

- Рачен багаж (ташна и 1 торба со димензии 55х40х23см до 8 кг) и Багаж за чекирање 1 куфер до 23кг

- Трансфер аеродром – хотел – аеродром

- Сместување во хотел Harbiye Residence во Истанбул на база 2 ноќевања со појадок

https://www.harbiyeresidence.com/en

- Панорамски разглед на градот

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Панорамски разглед на градот 15 Евра

- Прошетка низ историскиот дел на Истанбул со влезница за Топ Капи Палатата 45 Евра

- Долмабахче Сарај, Крстарење по Босфор 65 Евра

- Вечера во национален ресторан

- Билети за јавен превоз

- Влезници во музеи

- Патничко-здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот е потребен минимум од 15 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс

1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето