ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА

МАНАСТИР ОСТРОГ - ЦРНА ГОРА

 

СУТОМОРЕ – ПОРТО МОНТЕНЕГРО - БУДВА – КОТОР  - ДУБРОВНИК – ПЕРАСТ  - ОСТРОГ

20.10-23.10.2023

4 дена / 3 ноќевања

 

20.10.2023 ПЕТОК (СКОПЈЕ - СУТОМОРЕ) Состанок на групата во 14.00 часот од паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски и поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи. Пристигнување во Сутоморе во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.

 

21.10.2023 САБОТА (ПОРТО МОНТЕНЕГРО-ПЕРАСТ –КОТОР –БУДВА) Во 09.00 часот поаѓање на целодневен факултативен излет. Прво го посетуваме ПОРТО МОНТЕНЕГРО – новоизградена луксузна марина, пауза од 1,30час. Продолжуваме со траект кон Пераст - мал град кој се наоѓа помеѓи Рисанскиот и Бокакоторскиот залив. Пераст со сигурност е една од најатрактивните дестинации во Бокакоторскиот залив. Овој мал стар град е специфичен по многу нешта. Низ историјата ова место многумина сакале да го освојат од Византиското царство па до австриијците и секој од нив оставил свој белег во градот. Денес Пераст е една од најлуксузните дестинации во Црна Гора, во градот има голем број на музеи и цркви, а секако главна атракција е островот Госпа од Шкрпеља. Со бродче заминуваме кон ова мало островче. Легендата вели дека морнари во 14 век пронашле на карпа во морето икона на Богородица со дете во раце и по секоја успешна пловидба фрлале камења во морето и така се создал овој остров. На островот се наоѓа црква која содржи огромен број на уметнички дела како и иконата на Госпа од Шкрпеља. Но, она што најмногу го привлекува вниманието на посетителите е необичната таписерија која ја изработувала Јаница Куниќ цели 25 години колку што го чекала својот сопруг да се врати од пловидба. Во таписеријата се наоѓаат вткаени прамени од нејзината коса. Враќање во Пераст и продолжување кон Котор, град под заштита на УНЕСКО и еден од најубавите градови. Во Котор може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифун, Црквата Св.Никола....Попладне посета на Будва, слободно време за индивидуална прошетка низ стариот град. Вечерта факултативно вечера во најстариот ресторан во Будва.  ( Котор, Будва – слободно време за индивидуални прошетки по околу 2,5 часа ) Враќање во Сутоморе. Ноќевање.

 

22.10.2023 НЕДЕЛА (ДУБРОВНИК) Состанок на групата во 09.00 часот и поаѓање за Дубровник. (факултативно). Дубровник е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах...разглед на градот со локален водич, а потоа и слободно време за индивидуална прошетка. Попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање.

 

23.10.2023 ПОНЕДЕЛНИК (ОСТРОГ – СКОПЈЕ) Во 10.00 часот поаѓање за Острог. Разглед на манастирскиот комплекс кој датира од 17 век  и поклонување пред моштите на Св. Василие Острошки. Попладне поаѓање за Македонија. Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА 3900 денари

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

  • 3 ноќевања во Сутоморе во вили Eксклузив, Скаут, Скаут 1
  • превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • посета на Острог
  • пратител за време на целото патување
  • организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • превоз од Долниот до Горниот Манастир во Острог (со комбиња од манастирот)
  • Посета на Дубровник (превоз, траект и разглед со локален водич) – 30 евра
  • Посета на Порто Монтенегро, Пераст, Котор и Будва (билет за брод и посета на црквата Госпа од Шкпеља) – 25евра
  • Излетничка такса во Острог 1 евро – задолжителна доплата
  • Tуристичка такса 4 евра за целиот престој – задолжителна доплата
  • влезници за културно-историските споменици
  • патничко осигурување
  • доплата за 1/1 соба 30% од аранжманот, деца до 12 години плаќаат 2500 денари

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплата во агенција  може да доплати 10 евра и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персоналот)

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.

За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници.

За ова патување важат општите услови за патување