ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ИСТАНБУЛ
19 – 24.10.2023

 

1 ДЕН   СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ:Состанок на групата пред х.Континентал во 16.00 ч. Поаѓање за Истанбул во 16:30ч од Скопје,  Велес 17:00ч, Неготино 17:45ч , Гевгелија 18:00ч. Се патува преку Богородица. Ноќно возење.

2 ДЕН  ИСТАНБУЛ: Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич: Бејазит-најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот каде славната Агата Кристи го напишала светски познатиот роман ’’Убиство во Ориент Експрес’’, Таксим. Кратка пауза на плоштадот Таксим и потоа продолжуваме кон Долма Бахче сарајот и стадионот на ФК Бешикташ. По посетата се упатуваме кон азиската страна на Истанбул - брдото Чамлиџа каде што повторно ќе имаме слободно време за одмор, кафе, чај, или ручек во некој од рестораните кои ни стојат на располагање. По прекрасната панорама која ја нуди самиот локалитет се упатуваме во населбата Левент (Истанбулскиот Менхетен) каде се наоѓа највисоката зграда во Турција, Истанбулскиот Сафир. Ќе се искачиме на 54-ти кат од каде на еден поинаков начин ќе може да го разгледаме Истанбул и сета негова убавина. На крајот ќе влеземе во киното каде ќе имаме 4D симулација на лет со хелихоптер над Истанбул. Потоа се сместуваме во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ДЕН  ВИЗАНТИСКИ и СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ: Појадок. По појадокот околу 9 часот факултативно крстарење  по Босфор. Продолжуваме со разглед  кој ве води во славното и бурно минато на Византиските Императори и Османлиското царство: прво ќе ја разгледаме познатата Света Софија, ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот, Византискиот Хиподром, палатата на Ибраим Паша, Амамот на Хурем Султан. Ќе влеземе во најпознатата палата во светот - Топ Капи  која ќе не фасцинира со своето богатство и големина и секако ќе влеземе во забранатата зона со векови – Султанскиот Харем – со локален водич. На крајот од претпладневната програма ќе се упатиме кон Капали чаршија каде ќе може да си купиме сувенир, златен накит или слично. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта можност за факултативно крстарење на брод. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН  ИСТАНБУЛ: Појадок. По појадокот Ве водиме кон Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул, Турција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на "прв меѓу еднаквите" од останатите православни епископи во светот. Потоа се упатуваме кон Црквата „Свети Стефан”позната како Железна црква, која е изградена во 1896 година, по добивањето на султанскиот ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црква. Го посетуваме и Балат е најколоритниот дел од Истанбул и поради неговата богата историја, е заштитен како светско наследство од страна на УНЕСКО. Местото е познато по колоритни куќарки и кафулиња кои шират позитивна енергија, калдрмите и еклектичкиот микс од цркви, џамии и синагоги. Предлагаме релаксиран и прекрасен излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Големиот остров. Попладнето враќање кон хотелот. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Ноќевање

5 ДЕН ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ: Појадок. По појадокот слободно време за прошетка и шопинг низ Капали Чаршија, по што следува упатување кон  некој од шопинг центрите во Истанбул. По шопингот тргнуваме за Македонија. Се патува преку Бугарија, ноќно возење со попатни паузи.

6 ДЕН  СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

Цена по лице во двокреветна соба 135 € ( 8.370 денари)


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Три ноќевања со појадок во хотел со 3* 
  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Посета на трговскиот центар Форум или 212, Аја Софија, Сината Џамија, Капали чаршија
  • Туристички пратител на програмата

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години 30% попуст

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба е 30 евра
  • Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  •  За реализација на аранжманот потребни се  30 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

Факултативни излети и посети:

ПАКЕТ 1: 40€  Панорамски разглед на град 10€, Таксим 5€, Џамлиџа 10€,
Sapphire Seyir Terasi  со 4D кино проекција 30 Sapphire Seyir Terasi  со 4D кино проекција
ПАКЕТ 2: 35€  Цариградска Патријаршија, Железна Црква и Балат 15€, Крстарење по Босфор 20€, Отомански и Византиски Истанбул 10€
ПАКЕТ 3: 80€  Топкапи (без Харем) 30€, Харемот во Топкапи 20€, Долмабахче палата со водич и влезница 40€
ОСТАНАТИ ФАКУЛТАТИВИ:
Вечера на брод со турска програма 40€,
Miniaturk 10€,  ноќна тура низ Истанбул 5€, трговски центар Watergarden + ноќна тура низ Истанбул 20 €, Аквариум 25 €, Принцески острови 20 €

 

НАПОМЕНА: Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија. Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари