НЕЗАБОРАВНО ОСУМДНЕВНО КРСТАРЕЊЕ
АТИНА - ЕГИПЕТ - ИЗРАЕЛ - КИПАР - РОДОС – КУШАДАСИ - АТИНА

 

Термини на поаѓање од Скопје 10.11 и 01.12.2023

ЦЕНА од 1.189 €  (73.720 денари)

 


Доколку сакате да откриете нешто ново, да видите други култури, да вкусите фантастична храна и запознаете нова историја, ова патување е токму за вас, и тоа со најновиот крузер на Celestyal Journey. На крстарењето ги имаме вклучено во цената следниве екскурзии: посета на Каиро и Пирамидите на Гиза, Антички Ефес во Кушадаси и куќата на Богородица, спомениците во Атина со Акрополис, како и посета на Ерусалим и Витлеем.

 

Ве покануваме да се подготвите за многу забава, дневни и ноќни активности, изненадувања кои ќе ги  откриете доколку сте дел од ова седумдневно крстарење. Ве чекаат романтични зајдисонца, бесконечни морски длабочини, опуштена атмосфера и незаборавно искуство кое не може да се опише туку мора да се доживее. Ова крстарење ќе Ве одведе на романтична и опуштена одисеја до сончевите брегови, рибарските села и значајните историски места.


ПОАЃАЊЕ ОД СКОПЈЕ
Состанок на групата во 22:30ч пред хотел VIP. Поаѓање за Атина - Грција со кратки паузи по пат.

 

1 ДЕН - Атина (Пиреа) 17:00 часот - Бродот се упатува кон егзотичниот Египет, напуштајќи го пристаништето на Пиреа (Атина). Крстарењето може да започне, а со него и незаборавните искуства и уживање во сѐ она што го нуди овој луксузен брод. Доколку сакате забава, дружење, музички настапи, различни натпревари и слично - сето тоа го имате на ова патување или пак, може само да уживате во добра храна и пијалоци покрај базенот, да се релаксирате во спа, џакузи, јога или фитнес.

 

2 ДЕН - Уживање цел ден на море Овој ден е ден за пловење - одлична можост да се запознаете со целиот брод и да ја вкусите разновидната кујна. Сонот станува реалност. - може да уживате цел ден во бескрајното синило на морските води, исто како да сте во некој луксузен хотел на вода.

 

3 ДЕН 06:30 ЧАСОТ - Пристигнување на пристаништето Порт Саид ( Египет ) Го напуштаме бродот и се упатуваме со луксузни и климатизирани автобуси кон најголемиот град во Африка – Каиро.  Исполнет со врвни знаменитости, во овој град е останато последното светско чудо на античкиот свет, Пирамидите на Гиза. Следува ручек .Единствено со ова крстарење ќе посетите многу места како Тахрир (слобода) плоштад, срцето на центарот на Каиро, националниот археолошки музеј со запознавање на Египетската историја, стара векови. Музејот е збирка на најголемата и најбогатата колекција на египетски антиквитети. Тука е и институтот за папирус каде уметноста на правење хартија од трска ќе биде презентирана за вас. Имате лимитирано време за шопинг.


4 ДЕН 08:00 ЧАСОТ - Пристигнување во Ашдод ( Израел )
Во цената е вклучена уште една целодневна екскурзија - Ерусалим и Витлеем. Светиот град за христијаните, евреите и муслиманите, место каде што се вкрстуваат трите религии. Ерусалим има библиски размери и е исполнет со многу знаменитости. Може да се види ѕидот Ѕидот на Плачот, Виа Долороса ( Патот на солзите ), Гетсиманската градина, Црквата на светиот гроб... просторијата на последната вечера на планината Сион. Ручекот е обезбеден во Витлеем и имате слободно време пред да се вратите во бродот. Бродот поаѓа во 22:00 часот и крстарењето продолжува кон нова дестинација.

5 ДЕН 11:00 ЧАСОТ - Пристигнување на Кипар – Лимасол Кипар е меѓу поважните туристички одредишта во средоземјето. Има многу да се види и да се научи од посетата на овој остров полн со живот.

Лимасол или Лемесос -  втор по големина и најважниот град со најголемо пристаниште во Кипар. Од пристаништето се тргнува во 18:00 часот и забавата продолжува на бродот.

 

6 ДЕН 12:00 ЧАСОТ - Пристигнување на еден од најубавите грчки острови Родос Историски гледано, Родос бил познат во целиот свет поради Колосот, едно од Седумте светски чуда на античкиот свет. Средновековниот стар град Родос е прогласен за светско културно наследство. Денес, островот е еден од најпопуларните туристички одредишта во Европа. Родос е една од најатрактивните туристички одредишта во Грција. Чекорејќи низ улиците, ќе откриете нови фантастични атрактивни места за посетување. Во 18:30 часот се упатувате кон бродот и продолжуваме кон нова дестинација.


7 ДЕН 7:00 ЧАСОТ - Пристигнување на пристаништето во Кушадаси
Кушадаси може да се пофали со бројни убави плажи, хотели, ресторани и продавници. Веднаш при пристигнување на пристаништето може да се забележи колку е богата оваа претпоследна станица од нашата морска авантура. Започнува екскурзија организирана на Антички Ефес, еден од најголемите, најфасцинантните и најинспиративните археолошки музеи на отворено во светот.  За да се надогради оваа екскурзија тука ви е вклучена бесплатно  и посета на куќата на Богородица. Потоа, автобусот ќе ве однесе во фабрика за кожа каде може да направите шопинг во слободното време. Во 17 часот бродот го напушта Кушадаси и се упатува кон Пиреа, каде би требало да стигне во утринските часови. Преостанува уште една ноќ да уживате во забавите на бродот.

 

8 ДЕН 7:00 ЧАСОТ - Завршувате со појадок и пристигнување во Лаврион (Атина) и напуштање на бродот

Крстарењето завшува со посета на спомениците на Акрополис кои опстанале со векови. Посетата на Атина е едноставно восхитувачка.  Во подножјето на Акрополис и неговите антички храмови се наоѓа најстарата населба во Атина, Плака.Тука може да се види „Трилогијата на Атина“ која се состои од Универзитетот во Атина, Националната библиотека и Академија во Атина. Се застанува на стадионот Панатинаикос каде се одржале првите модерни Олимписки игри во 1896 година. Тричасовна прошетка низ античката историја завршува со посета на плоштадите на Омонија и Синтагма, самиот центар на модерна Атина.

Се упатуваме кон Македонија, со кратки паузи по пат.

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

·         Екскурзија во Египет: Каиро и Пирамидите на Гиза (цел ден – 12 часа)

·         Осумчасовна ексукрзија:  Ерусалим и Витлеем

·         Екскурзија во Кушадаси: Антички Ефес и Куќата на Богородица

·         Посета на Атински споменици и Акрополис

·         Организиран превоз Скопје – Атина (Пиреа) - Скопје

·         7 ноќевања во кабини на крузер  (внатрешни или надворешни)

·         Пристанишни такси и бакшиш

·         Забава на брод со многу активности и анимации во текот на целото крстарење

·         Полн пансион со вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци   

·         Претставник од организаторот на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

·         Медицински услуги

·         Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот

·         Патничко осигурување

·         Услуги во спа центарот и услуги за убавина

·         Виза за Египет

 

Важна напомена:

·         За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци  

·         Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место

·         Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето

·         За резервација задолжителна е уплата од 30% депозит, целосна доплата 30  дена пред патувањето