ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
РИМ
(со авион, 4 ноќи, 5 дена)

11. Октомври (среда) СКОПЈЕ - РИМ  Состанок на групата на скопскиот аеродром во 18:50 часот. Лет за Рим W6 7757 во 20:50ч. Пристигнување во Рим во 22:35часот. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање. 

12.Октомври (четврток) РИМ разглед - (Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил) Појадок. Панорамско разгледување на градот: Виа Венето, паркот Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим... Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил...Ноќевање.

13. Октомври (петок) ВАТИКАН – НАВОНА  Појадок. Факултативна посета на Ватикан со метро, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Систинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

14. Октомври (сабота) РИМ – ТИВОЛИ  Појадок.  Факултативна посета на Tиволи со јавен превоз. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере...Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани во Трастевере. Ноќевање.

15. Октомври (недела) РИМ – СКОПЈЕ  Појадок. Напуштање на собите рано наутро. Трансфер до аеродромот во Рим во 05:45ч . Лет за Скопје W6 7758 во 08:25ч. Пристигнување во Скопје 10:10 часот.

 

Цена на аранжманот во претпродажба:
Standard - пакет со вклучен панорамски разглед = 439 € (27.218,00 мкд)
Superior – пакет со вклучени 3 разгледи = 509 € (31.558,00 мкд)
Premium  – пакет со вклучени 4 разгледи = 564 € (34.968,00 мкд)



РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ - ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:

- Организиран панорамски разглед на Рим:

BASIC
 √ (вклучено) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница и метро карта: 
BASIC (доплата 20€| SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница:
BASIC (доплата 60€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на Тиволи со јавен превоз, резервација, локален водич, слушалки и влезница во Вила Д'Есте:
  BASIC (доплата 60€) | SUPERIOR √ (доплата 55€) | PREMIUM √ (вклучено)

Во цената е вклучено:

- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.

- Сместување во хотел *** на база 4 ноќевања со појадок
- Hotel San Giusto in Piazza Bologna Hotel San Giusto – Garibaldi Hotels (hotelsangiustoroma.com)
- Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
- Рачна торба торба (20x40x30cm), максимум 10кг.
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
- Здравствено - патничко  осигурување 

- Туристичка такса: Хотел 3* - 6€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.

- Пријавен багаж, до 10кг или 20кг – информација во агенција

- Доплата за 1/1 соба – 110€

- Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет

- Влезници за културно-историските споменици

 

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 

- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.

- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување

- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.

- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.

- Организаторот не одговара околу објектите 

- За овој аранжман важат Општите услови за патување