СЛОВЕНЕЧКА ИСТРА

ПОРЕЧ-ПОРТОРОЖ-СОЛАНА СЕЧОВЉЕ-ПИРАН-ИЗОЛА-КОПЕР-РОВИЊ

 

(Излет со брод низ Словенечкото крајбрежје со вклучен ручек)

(27.09.202302.10.2023)

 

Пред нас е приказна за Словенечкиот дел од Истра која ја започнуваме и завршуваме со Хрватска!

 

Прв ден: 27.09.2023 (среда) Поаѓање на групата од Скопје во 18.00 часот (од пред договорено место  ) кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 28.09.2023 (четврток) Пристигнување во Пореч во пладневните часови. Сместување во хотел Porec 3* (www.hotelporec.com) кој се наоѓа на само 200 метри од строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето. Потоа организиран разглед со локален туристички водич на Пореч, градот кој нуди интересна мешавина на средновековно наследство. Најпозната знаменитост е Еуфразијевата базилика од VI век, прекрасна градба од ранохристијанската архитектура ставена на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Слободно време за индивидуални прошетки во градот. Ноќевање.

Трет ден: 29.09.2023 (петок) Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет во Словенечкиот дел од Истра. Овој крај во минатото бил многу поврзан со Венеција, а во центарот на областа била Соланата во Пиран. Во времето на најголемата Венецијанска моќ, Млечанците зимале 90 % од солта која овде се произведувала. Тие одамна заминале, а соланата работи и денес и произведува сол на традиционален начин, исто како и пред 700 години. Комплексот е прогласен за парк на природата и е отворен за туристите, па така и ние ќе го започнеме запознавањето со овој дел од Истра со посета на соланата Сечовље. Организиран разглед, а потоа се упатуваме кон Порторож, бисерот на Јадранското Море, најпознатото летувалиште кое изобилува со преубави плажи, термални извори и богата историја. Ова е совршено место за уживање и прошетки покрај долгото шеталиште. Доколку дозволат временските услови, слободно време за плажа за да го почувствуваме златниот песок и кристално чистата морска вода. Во попладневните часови продолжуваме кон Пиран, градот каде боите оживуваат, каде секоја прошетка се претвара во авантура и каде убавината чека на секој агол. Пиран е најпознатиот и најживописниот од сите градови кои ќе ги посетиме во Словенија, препознатлив по својата Венецијанска архитектура, по тесните калдрмени улици и шармантните дуќанчиња, по волшебниот амбиент во ова мало место кое има голема душа. Ако само Ви напоменеме дека централниот плоштад го носи името на познатиот виртуоз кој е роден токму во Пиран, Тартини, автор на една од најпознатите и најкомплицирани композиции за виолина “Ѓаволски трилер’’ која наводно во сонот му ја отсвирил самиот ѓавол, тогаш ќе Ви стане сосема јасно зошто овој град е толку волшебен. По организираниот разглед слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот во Пореч. Ноќевање.

Четврти ден: 30.09.2023 (сабота) Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на уште еден целодневен излет во Словенечкиот дел од Истра. Се упатуваме кон Изола, слаткото мало рибарско место од каде ќе ја започнеме нашата авантура со еден од ретките стари рибарски бродови на панорамско крстарење покрај морскиот брег. Ова е најдобриот начин да ги набљудуваме пејзажите од поинаков агол, да уживаме во морската убавина и, доколку ни дозволи времето, да поминеме време на плажа на едно од најубавите места на словенечкото приморје-Струњан. Додека уживаме во убавините на најчистата плажа која веќе 18 години по ред е закитена со „Плаво знаме“, капетанот на бродот ја подготвува морската риба за нашиот денешен ручек. По завршувањето на рибарскиот пикник, се враќаме назад кон Изола и го продолжуваме нашиот разглед повторно од копно. Стариот дел на градот се наоѓа на некогашен остров, а душата на Изола најдобро може да се почувствува со прошетката покрај старото рибарско пристаниште кое во последните неколку години изобилува со импресивна флота на луксузни јахти и други бродови. Слободно време за индивидуални прошетки, а потоа се упатуваме кон Копер, градот на кој Млечаните своевремено му го дале името „Главата на Истра“. Првиот впечаток е дека тоа е едно огромно пристаниште, но кога добро ќе зачекориме низ него ќе наидеме на еден прекрасен средновековен град кој не случајно е вклучен во Здружението на историски градови. По организираниот разглед слободно време за индивидуални прошетки низ градот кој ќе нé пречека со експлозија на венецијанска архитектура, уметност, историски градби и вкусни кулинарски специјалитети. Во договореното време се враќаме назад во Пореч. Ноќевање.

Петти ден: 01.10.2023 (недела) Појадок. Се одјавување од хотелот и заминуваме кон Ровињ, најромантичното место на Медитеранот, градот кој многумина го нарекуваат Монте Карло на истарската ривиера за тука да ја завршиме оваа неколкудневна убавина. Тоа е еден од најчесто фотографираните хрватски градови, со разнобојни куќи кои како да се издигаат од морето кон катедралата Свети Еуфемија, со камени поплочени улици полни со уметнички галерии, со ренесансни и барокни палати... Разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови ја напуштаме оваа сентиментална морска атмосфера и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во среда, на 02ри октомври во раните утрински часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  369 (22.880 денари)

 

  Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 - Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Три ноќевања со појадок во хотел  Porec 3* во Пореч

- Лиценциран туристички водич во Пореч, Порторож, Пиран, Изoла и Копер

- Влезница во соланата Сечовље

- Излет со брод низ Словенечкото крајбрежје со вклучен ручек

- Посета на Ровињ

- Организација на патувањето и туристички придружник

  

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 - Доплата за еднокреветна соба – 65 евра

- Туристичка такса...1.50 € по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување

  

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници