ЕСЕН ВО ЕГИПЕТ
ГОЛЕМА ЕГИПЕТСКА ТУРА СО ПОЛЕТУВАЊЕ ОД СОФИЈА
Хургада – Луксор – Каиро – Александрија
(авион, воз, автобус)
Термини |
Цена по лице на база “all inclusive” & полупансион |
21.10.2023 |
1.170 € |
04.11.2023 |
1.170 € |
18.11.2023 |
1.170 € |
02.12.2023 |
1.220 € |
Ден 1 Средба
на Терминал 2 на аеродромот во Софија 2 часа пред полетување.
Директен лет до Хургада. Слетување на аеродром
Хургада. Трансфер до хотелот и сместување. Информативна средба со
претставник од агенцијата. Вечера. Ноќевање.
Ден 2 Појадок. Слободно време за плажа и
релаксирање или, по желба патниците може да одберат две факултативни тури:
целодневен излет до Рајскиот остров со снорклинг или екскурзија – BADAWYA
VIP – Сахара со ATV, джипови и јавање на камили со ориенталсна вечера
(или закуска, според програмата) и шоу програма. Враќање во хотел.
Вечера. Ноќевање.
Ден 3 Појадок. Рано поаѓање кон градот Луксор со попатни паузи. Попатно се посетува храмот Хатoр вo Дендера кој е изграден за време на владеењето на фараоните од Птолемејската династија во доцниот Грчко-римски период а бил посветен на божицата на љубовта и танцот Хатор. Пристигање во Луксор и посета на најголемиот комплекс храмови на откриено во светот - Карнак. Ручек. Сместување во хотел. Приквечер посета на осветлениот храм Луксор. Враќање во хотел. Вечера и ноќевање.
Ден 4 Појадок. Посета
на западниот дел на Луксор. Посета на Долината на кралевите со неверојатните
гробници на фараоните од Новото царство. Посета на храмот на Хатшепсут, посета
на храмот Мединет Хабу, дело на Рамзес III. Посещение на колосите на Мемнон.
Ручек во локален ресторан. Трансфер до железничка станица во Луксор и поаѓање
со воз за Каиро. Вечера и ноќевање во возот.
Ден 5 Појадок во возот.
Пристигање во Каиро рано наутро.Разглед на Египетскиот Музеј (вклучена влезница,
водич и слушалки). Ручек во локален ресторан. Сместување во хотел Мövenpick
Hotel & Сasino Сairo – Мedia City 5* или сличен. Вечера. Слободно време за
одмор или факултативни тури: ноќно пловење по Нил со ориентално шоу и вечера
или ‘’звукот и светлината на Пирамидите’’. Ноќевање
Ден 6 Појадок. Поаѓање
за Александрија. Целодневна екскурзија која ги вклучува и катакомбите Ком
Еш-Шукафа, цитаделата на Каит бег и колоната на Помпеј (Серапеума). Вклучен ручек
во локален ресторан. Враќање во Каиро. Вечера. Ноќевање.
Ден 7 Појадок. Екскурзија
вклучена во цената: посещение на Египетските пирамиди во Гиза со вклучена
влезница и водич. Ручек во локален ресторан. Посета на некропола во Сакара с
првата скалеста пирамида на Џосер и музејот на Имотеп. Враќање во хотелот.
Вечера. Ноќевање.
Ден 8 Појадок. Одјавување од хотелот.Екскурзија до Стариот Каиро со посета
на цитаделата на Саладин со џамијата Мохамед Али, црквите "Света
Богородица" (Висечката црква) и црквата "Свети Сергеј и Свети Бахус"
со автобус. Трансфер до аеродром Каиро за полет кон Софија. Времетраење
на трансферот – околу 1 час.
Распоред на
летање (подлежи на промени):
BUC 685/686: 21.10, 04.11, 18.11, 02.12.2023
Софија – Хургада – 15:20 – 18:20
Каиро – Софија – 18:50 – 21:30
Во цената
се вклучени следниве услуги:
- авио билет на релација Софија-Хургада/Каиро-Софија со чартер лет
- аеродромски такси
- багаж од 20 кг + рачен до 5 кг
- 2 ноќи на база “all
inclusive” во
хотел Gravity Aqua Park
Hurghada 5* или сличен
- 1 ноќ на база полупансион во хотел Iberotel Luxor 4* во
Луксор или сличен
- 1 ноќ на база полупансион во воз во купеа за спиење на релација Луксор-Каиро
- 3 ноќи на база полупансион во хотел Мövenpick Hotel & Сasino Сairo -
Мedia City 5* во Каиро или сличен
- трансфери аеродром-хотел-аеродром
- трансфер на релација Хургада-Луксор со туристички автобус
- екскурзија до Дендера со храмот на Хатор
- екскурзија до храмовите Луксор, Карнак, Долината на Кралевите, храмот на
Хатшепсут, храмот Мединет Хабу
- 2 ручеци во традиционален ресторан во Луксор (пијалокот не е вклучен во цена)
- влезници за во храмовите на Хатор, Луксор, Карнак, Долина на Кралевите,
Хатшепсут, Мединет Хабу
- екскурзија во Каиро – Египетскиот музеј, пирамидите во Гиза, Сакара...со автобус
- екскурзија до Стар Каиро со автобус
- 2 ручеци во традиционален ресторан во Каиро (пијалокот не е вклучен во цена)
- влезници во Египетскиот музеј, пирамидите, Сакара
- екскурзија до Александрија со влезници за во катакомбите, цитаделата на Каит Беј
и колоната на Помпеј
- ручек во ресторан во Александрија
- лежалки и чадори на плажа и базени
- претставник од туроператорот за време на цело патување (на бугарски јазик)
Во цената
не се вклучени следните услуги:
- дополнителни екскурзии: рајскиот остров
со брод (65 еур за возрасен, 35 еур за деца до 12г), прошетка по пустината со
џипови, возење на квадови и јавање камили (70 еур за возрасни, 35 еур за деца
до 12г.), вечерно шоу ‘’звукот и
светлината на пирамидите’’(50 еур за возрасни, 40 еур за дете до 12г.) вечерно пловење по Нил со вечера и ориентална програма (70 еур за возрасен,
60 еур за деца до 12г.)
Задолжителни
доплати:
- туристичка влезна виза за Египет во износ од 25 усд – се плаќа на пристигање
во Египет
- такса за гориво која се објавува 21-14 дена пред тргнување
- такса за водички услуги 25 усд која се плаќа на лице место
Услови
за резервација: при резервација се плаќа 50% од вкупната
сума на аранжманот, доплата 21 ден пред поаѓање. Документи за патување се
издаваат 7 дена пред патување.
Услови и
пенали при отказ: Доколку патникот го откаже аранжманот до 30 дена
пред полетување, плаќа пенал од 50%. Доколку патникот го откаже аранжманот од
30 – 01 ден пред полетување пеналот за отказ е 100%
ВАЖНО:
Потребен број на патници за реализација на аранжманот е 150 лица Туроператорот
го задржува правото да направи промена на програмата Авиокомпанијата го
задржува правото да направи промена во времињата на полетување и слетување.