ПУЛИА (PUGLIA)
со авион, 6 ноќи, 7 дена


Пулиа е сместена на петата од италијанската чизма, на крајниот југоисток на Апенинскиот Полуостров. Богатата историја, прекрасните плажи, сликовитите гратчиња, префинетата автентична италијанска храна и вино се само некои од причините поради кои треба да се посети. Пуља е вистинска дестинација за гурманите, љубителите на културата, активностите на отворено и прекрасната природа. Позната е по одличното маслиново масло, вино, сирењето моцарела, тестените, а нејзините пејзажи се исто толку импресивни, како и самата локална гастрономија.

 

09. Септември (понеделник) СКОПЈЕ – ТИРАНА – БАРИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ – АЛБЕРОБЕЛО Состанок на групата на договореното место во 03:00 часот и трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Бари во  11:10 и слетување во 12:15 часот. Препорачуваме факултативна посета на Полињано а Маре, за многумина едно од најубавите приморски гратчиња во Пулиа. Ова е една од најважните антички населби, а до денес, гратчето успеало да ја задржи автентичноста и шармот. Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери даваат посебна магија. Во градот се наоѓа скулптура на кантавторот Доменико Модуњо и скалите Воларе, по неговиот голем хит, кои водат до панорамската точка на карпата од која се пружа прекрасен поглед на градот и плажата. Патувањето продолжува до Алберобело. Сместување во хотелот. Ноќевање.

10. Септември (вторник)  АЛБЕРОБЕЛО – ХОТЕЛ GRAND DEI CAVALIERI  Појадок. Прошетка во Алберобело, едно посебно и единствено место со типичните куќи ‘’Trulli‘’ со конусни кровови, без материјал за врзување, исклучиво направени од неправилни парчиња камен. Сместување во хотелот. Шетајќи се низ Алберобело ќе имате чувство како да сте на снимање на некој цртан филм. Шармантното, романтично и единствено место е заштитено од УНЕСКО. Препорачуваме да се изгубите во малите улички и да уживате во привлечниот свет на убавината. Организиран превоз до хотелот GRAND DEI CAVALIERI и сместување. Слободно време за уживање покрај море. Вечера. Ноќевање.

11. – 14. Септември          ХОТЕЛ GRAND DEI CAVALIERI  Појадок. Слободни денови за уживање на плажа. Вечера. Ноќевање.

15. Септември едела)   ХОТЕЛ – БРИНДИЗИ - ТИРАНА – СКОПЈЕ  Појадок. Слободно претпладне за уживање на плажа. Трансфер до аеродромот во Бриндизи. Полетување за Тирана во 17:20, слетување во 18:15 часот и трансфер до Скопје.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                

759 евра (47.055 денари)                               

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-  Авионски превоз на релација Тирана-Бари и Бриндизи-Тирана со вклучени аеродромски такси

-  Рачен багаж (1 торба/ранец со димензии 40х30х20см. до 10кг)

-  Трансфер на релација Скопје-Тирана-Скопје

-  Трансфери на релација аеродром – хотел и обратно, како и трансфер од едниот до другиот хотел

-  Сместување во хотел Colle Del Sole 4* во Алберобело, на база 1 ноќевање со појадок

-  Сместување во хотел Grand Hotel dei Cavalieri 4* во Campomarino di Maruggio, на база 5 полупансиони, појадок и вечера, со вклучени лежалки на плажата

-  Организирани прошетки според програмата

-  Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-   Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23см (со максимум 10кг)

-   Доплата за куфер за чекирање со максимум 10кг или 20кг

-   Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)

-   Факултативни излети

-   Полињано а Маре 45 евра, со вклучен превоз

-   Пешачки разглед на Алберобело 10 евра

-   Влезници во музеите и културно историските споменици

-   Билети за јавен превоз

-   Патничко – здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето