ОДМОР НА МАЛДИВИ
со полетување од Софија

Canareef Resort Maldives 4*

Термин

Цена по лице во GARDEN VILLA на база полн пансион

01.12.2023

2110

07.12.2023

2110

07.01.2024

2110

15.01.2024

2110

23.01.2024

2110

31.01.2024

2110

08.02.2024

2110

16.02.2024

2110

01.03.2024

1990

23.03.2024

1990

29.03.2024

1990

                 Цените се во евра а плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 денари

Цените се по лице и вклучуваат:

- авио билет на релација Софија – Истанбул – Мале – Истанбул – Софија со
Turkish Airlines
- 7 ноќевања со појадок, ручек и вечера
- трансфери од аеродром до хотел и назад (45 – 60 мин.по правец)
- асистенција на аеродромот во Мале
- професионален водич на англиски јазик за време на престојот
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- дополнителни екскурзии
- индивидуални трошоци
- такса за гориво која (доколку ја има) се објавува 21 ден пред лет

Програма:
Прв ден: полетување од Софија до Мале со меѓуслетување во Истанбул
Втор ден: слетување во Мале во 08:00 ч. локално време, средба со претставник од локалната партнер агенција и трансфер до хотелот. Сместување и ноќевање
Трети до осми ден: појадок во хотелот и слободно време за одмор и уживање или дополнителна екскурзија
Деветти ден: ран појадок, одјавување од хотел и трансфер до аеродром во Мале. Лет на релација Мале – Истанбул – Софија со
Turkish Airlines

Распоред на летови (подлежат на промени)
Софија - Истанбул – Мале во 16:00 ч – 08:00 (+1 ден)
Мале – Истанбул – Софија 09:40 – 20:40

Услови за резервација:
Резервација се прави со депозит од 50% од вкупниот износ, доплата се врши 30 дена пред полетување
Документи за полетување се добиваат 5-7 дена пред полетување

Услови и пенали при отказ:
Доколку патникот го откаже аранжманот до 30 дена пред полетување, плаќа пенал од 50%
Доколку патникот го откаже аранжманот од 30 – 01 ден пред полетување пеналот за отказ е 100%
ВАЖНО:
Потребен број на патници за реализација на аранжманот е 19 лица
За патници со македонски пасош не е потребна виза за Малдиви, агенцијата посредува при добивање на код за влез.
Туроператорот го задржува правото да направи промена на програмата
Авиокомпанијата го задржува правото да направи промена во времињата на полетување и слетување

ОПИС НА ХОТЕЛОТ: https://www.canareef.com/
Овој идиличен ресорт се наоѓа точно на југот на Екватор и е со должина 4,5 км. Тој е лесно достапен со 70-минутен живописен и возбудлив лет од аеродром Мале до аеродром Ган.  Преминувањето преку Екваторот ќе биде еден од клучните моменти на вашето патување до овој остров бидејќи од височина ќе можете да ги видите огромните тиркизни атоли на Малдиви. Капетанот на авионот на сите патници ќе им подели персонализиран сертификат за премин преку Екватор.
Ресторани и барови: тимот готвачи ќе ви претстави домашни и интернационални менија – од локални задоволства до елегантна француска кујна во своите 3 ресторани.
Хотелот располага со 2 базени, чадори и лежалки, анимации, интернет, СПА центар, нуди водени спортови, факултативни излети како пловење со катамаран, кану, џет-ски, сурфање, нуркање, пливање со делфини...