ЕДНОДНЕВНО ЕСЕНСКО ПАТУВАЊЕ

 МАТКА – ЛЕШОЧКИ МАНАСТИР

 

Состанок на групата во 6.45 часот, на договореното место. Заминување во 07.00 часот од Струмица кон Матка. Пристигнување околу 9,30 часот. Преубавото парче недопрена природа, освен со големо богатство од богати дабови и букови шуми, преубави розови цветови на ендемското цвеќе Рамонда Наталија, белоглави орли и ретки животински видови, изобилува и со голем број културно-историски споменици, главно манастири, поради што со право ја нарекуваат и мала Света Гора. Клисурната утроба Матка со својата убавина ги привлекувала луѓето од најстарите времиња па сè до денес. Карпите на Матка и нејзината околина биле населени континуирано од праисторијата, преку римскиот и византискиот период па сè до денес. Матка е најстарото вештачко езеро во Македонија, кое било создадено со преградување на реката Треска со брана и создавање на вештачка акумулација, која била изградена во 1938 година. Водата од езерото се користи за добивање на електрична енергија, но и за наводнување на селата во околината. Слободно време за уживање во природната убавина на кањонот. По разгледот (во 11часот) патувањето го продолжуваме накај познатиот манастир Лешок. Разглед на црквите Св.Богородица и Св.Атанасиј, гробот на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ. Пристигнување во Струмица во вечерните часови.

Цена по лице: 1.200 мкд


Цената ги вклучува следниве услуги:

·         Превоз со автобус на дадената релација

·         Лиценциран туристички водич


Цената не ги вклучува следниве услуги:

·         Индивидуални трошоци

 

Напомена: калкулацијата е правена на минимум 30 патници.