ЕДНОДНЕВНО ОСМОМАРТОВСКО ПАТУВАЊЕ

 СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ и РАЈЧИЦА
 

Состанок на групата во 06.15 часот на договореното место. Заминување во 06:30 часот од Струмица кон Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски. Пристигнување околу 10:30 часот. Манастирот се наоѓа на надморска височина од 740 метри. Положен е во впечатливите варовни карпи на кањонската долина на реката Радика, во прегратките на бујните шуми всадени на северозападните падини на планината Бистра. Слободно време за разглед на Манастирскиот комплекс од 2 часа. По разгледот (околу 12.30 часот) патувањето го продолжуваме кон Манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица. Слободно време (околу 1 час) за разглед на манастирската црква изградена во 1835 година, а денес во неа се чува честица од Крстот на кој бил распнат Спасителот, Господ Исус Христос, како и дел од раката на свети Георгиj донесена во манастирот во ноември 2003 година од Света Гора. По разгледот (околу 14.00 часот) се упатуваме назад кон Струмица со попатна пауза за ручек во добро познатиот комплекс Кораб Трница во Маврово. Можност да се пробаат нивните надалеку познати млечни производи како и традиционални јадења од овој крај – домашен качамак и охридско ѓомлезе ... рекански пити со зелка, праз, спањак и со тиква, одлично приготвено јагнешко, јарешко, телешко и пилешко месо, риба, разни макала и многу други јадења. За десерт неизбежни се традиционалните сутлијач, баклава, печена тиква. По ручекот (околу 17.30 часот)  продолжуваме кон Струмица. Пристигнување во вечерните часови.


Цена по лице: 1.500 мкд


Цената ги вклучува следниве услуги:
Превоз со автобус на дадената релација
Лиценциран туристички водич

Цената не ги вклучува следниве услуги:
Индивидуални трошоци
Ручек во ресторан Кораб Трница

Напомена: калкулацијата е правена на минимум __ патници.