ДВОДНЕВНО ПАТУВАЊЕ ДО НАЈГОЛЕМИОТ БОЖИЌЕН БАЗАР ВО ГРЦИЈА

ТРИКАЛА – Тесалија (со целодневна посета на Метеори)
(СО АВТОБУС / 1 НОЌЕВАЊЕ / 2 ДЕНА)


Трикала
е град кој комбинира иновации и култура со почит кон локалната историја, секогаш изнаоѓајки интересни и возбудливи решенија за своите посетители. Покрај тоа, Трикала е пријателски град кој нуди посебни локални вкусови и пијалоци со висок квалитет, правејќи посетителите да се насмевнат, да го истражуват градот со велосипеди и чамци по реката Литеос или да шетат по уредените паркови и музеи.

*****

...Беше 9 декември 2011 година, кога Дедо Мраз го претвори Mill Matsopoulos, во најголемиот Божиќен тематски парк во Грција, "Mill of the Elves" (работилница на џуџињата). Активирани се старите оџаци и од тогаш тие работат беспрекорно, со единствена цел да им понудат радост и забава на сите, и млади и стари. Како и секоја година, и оваа година, нешто ново се случува во работилницата на џуџињата ...
Нова приказна која ќе ве понесе  во преубава бајка и магија во светот!
Дедо Мраз, придружуван од неговите доверливи асистенти, џуџињата и неговиот магичен ирвас, тргнуваат на своето патување да го посетат секое дете во светот до Божиќ. Тој со себе носи слики и сеќавања од сите далечни земји и различни народи кои ги посетил и ги користи за украсување на секој агол од својата работилница за да ги сподели убавите моменти со сите посетители и донесе радост и забава.


11.12.21 и 26.12.21   Поаѓање од Струмица во 6 часот од договореното место. Влез во Грција преку граничен премин Богородица-Евзони. По пасошките формалности групата продолжува према Трикала со попатна посета на долината на клисурата Темби и Црквата Св. Петка. По разгледот на црквата се упатуваме кон Трикала, волшебно место каде што се чувствува посебна магија за време на Божиќните празници. Вашите најмили можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да направат прекрасни фотографираат со џуџињата, да цртаат, да гледаат, но и да учествуваат во активностите на џуџињата. Забавниот парк ќе ги импресионира како најмалите така и возрасните. И овој Божиќ, во работилницатата на џуџињата се работи со полна пареа. Не пречекуваат во нивните топли пекари со привлекувачки мирис и убава глетка. Божиќ во работилницата на џуџињата е бајковит и волшебeн. Џуџињата на Дедо Мраз, глувчињата, пекарите, самовилите и многу нивни асистенти им нудат на посетителите незаборавни моменти. Во вечерните часови поаѓаме накај Каламбака. Сместување во хотел. Ноќевање.
12.12.21 и 27.12.21   Појадок. Одјавување на собите и посета на манастирите Метеора. Посета на Големиот манастир, изграден во 14-ти век до кој се стигнува качувајки се по 400 скали. Слободно време за разглед. Доколку дозволува времето можност за посета и на манастирот Варлаам. По разгледот на манастирите, се враќаме повторно во градот. Попатна посета на фабриката за икони. По посетата на фабриката за икони, одиме во центарот на градот каде ќе имаме пауза за вкусно гиро и незаменливото грчко фрапе!
Поаѓање за Струмица околу 17.00 часот. Пристигнувањето е предвидено во вечерните часови.

 

 

Термин 11-ти декември:  3.990 денари
Дете до 3 год. - гратис

Термин 26-ти декември:  3.490 денари
Дете до 6 год. плаќа 1.700 денари


Во цената е вклучено:

·         превоз со минибус / автобус на дадената релација

·         професионален водич

·         сместување во хотел во двокреветни / трокреветни соби со појадок

·         организација и водство на аранжманот

Во цената не е вклучено:

·         Патничко осигурување (информации во агенцијата)

·         Влезници во манастирите – 3 евра за секој манастир

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.