ДОЧЕК НА НОВАТА 2024 ГОДИНА ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

PALMON BAY HOTEL & SPA 4+* ИГАЛО

 

 ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО ГОРАН БРЕГОВИЌ СО ОРКЕСТАРОТ И ГРУПАТА БЕЛО ДУГМЕ СО АЛЕН ИСЛАМОВИЌ

 

 (29.12.2023 – 02.01.2024)

 

Има градови кои имаат своја душа - колку почесто се навраќате во нив, се поблиску и подлабоко ги чувствувате. И едноставно, не можете да не ги засакате. Тогаш зошто во еден од нив да не ја испратите старата и дочекате Новата Година? Во малиот рај на Црногорското приморје во испреплетените улици во кои цела зима цветаат рози, има нешто меѓу двете синила - морското и небесното... Тука, помеѓу звукот на огнометите над хоризонтот на Херцег Нови, ќе си посакаме Среќна Нова Година...

 

Прв ден: 29.12.2023 (петок) Заминување на групата во 22:00 часот од Скопје (пред договорено место) кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

Втор ден: 30.12.2023 (сабота)  Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмени шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив... сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. Сместување на групата во хотелот Palmon Bay Hotel & Spa 4+* (https://www.palmonbayspa.com) во Игало, едно од осумте туристички места низ кои се простира целата Херцегновачка ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. Ноќевање.

Трети ден: 31.01.2023 (недела)  Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во текот на целиот ден на повеќе места на отворено ќе бидат организирани дневни журки со настапи на популарни музичари. Слободно попладне за користење на базенот и спа центарот во хотелот. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година на плоштадот со богата музичка програма. За забавата во највеселата ноќ се ангажирани Горан Бреговиќ со неговиот оркестар, како и групата Бело Дугме со Ален Исламовиќ. Ноќевање.

Четврти ден: 01.01.2024 (понеделник)  Појадок. Слободно време за целосна релаксација и опуштање во благодетите на минералната лековита вода во базенот и во спа центарот. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во раните утринските  часови во вторник, на 02.Јануари.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ   179 евра (11.100 денари)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок во хотелот Palmon Bay Hotel & Spa 4+* во Игало (сместување во стандардни соби со поглед во двор)

 -Користење на базенот и спа центарот во хотелот
-Организиран разглед на Херцег Нови со лиценциран туристички водич

- Организација на патувањето и  туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 - Доплата за еднокреветна соба-65 евра (за двете вечери)

- Туристичка такса– 1,50 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување

 

 НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници