ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
БЕРЛИН

со авион, 3 ноќи

 

21 октомври (сабота)         СКОПЈЕ – БЕРЛИН Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 16.30 часот. Авионот за Берлин на Визер полетува во 18.40 часот. Слетување во Берлин во 21.00 часот. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање. 

22 октомври (недела)       БЕРЛИН  Појадок. Пешачка прошетка (факултативно) со локален водич: најголемиот плоштад во Берлин Александерплац - центар на бившиот источен дел на Берлин, ТВ кулата која со својата височина од 368 метри е на списокот на највисоки градби во Германија, Берлинската катедралата, Авенијата Унтер ден Линден, Брандербуршката Порта, Рајхстаг, посета на германскиот парламент Бундестаг каде уште на влезот се добива аудио водич кој упатува на знаменитостите на Берлин според чекорите т.е кружното движење во куполата. Слободно време за ручек. Посета на „Музејскиот остров“ во кој има 5 музеи, од кои најпосетени се Пергамон и Египетскиот музеј. Музејот Пергамон е познат по својата богата колекција на антиквитети од периодот на античка Грција, Блискиот Исток и исламската култура. Најзначајни експонати се: Иштарската порта која ги красела портите на Вавилон околу 580 г.п.н.е. , реконструираниот олтар на градот Пергамон, влезот на пазарот на античкиот град Милет и најважните експонати на древните цивилизации на Вавилон, Персија и Асирија. Што се однесува до Египетскиот музеј, покрај големиот број артефакти од ерата на Новото Кралство, секако најважна е бистата на кралицата Нефертити. Ноќевање.

23 октомври (понеделник) БЕРЛИН - ПОТСДАМ Појадок. Панорамски разглед на градот: летната палата на кралицата Софија Шарлот, зградата на германската опера, Меморијалната црква, главната шопинг улица - Курфурштендам, споменикот на божицата на победата - Златна Елса, новата железничка станица, Бранденбуршката порта, панорамата улицата Унтер ден Линден, Источната галерија со остатоците од Берлинскиот ѕид, плоштадот Потсдам, катедралата, Градското собрание, контролниот пункт Чарли... Факултативно, посета на градот Потсдам, главен град на германската покраина Брандербург, еден од најубавите мали германски градови познат по своите 12 прекрасни палати и паркови кои се на листата на УНЕСКО, создадени во времето на најзначајниот пруски крал Фридрих Велики. Разглед на градот: рускиот кварт Александровка со дрвени куќи изградени во руски рустикален стил со црквата Александар Невски, холандскиот кварт со куќи од црвени тули во холандски стил - едно од најпосетуваните места во градот, палатата  Sanssouci познатата летна резиденција на Фридрик Велики изградена во рококо стил како пандан на францускиот Версај, палатата Cecilienhof каде што е одржана Потсдамската конференциjа т.е средбата меѓу Черчил, Сталин и Труман во јули 1945 година, мостот Глинка на реката Хавел кој претставувал граница меѓу Источен и Западен Берлин за време на Студената војна и бил користен за размена на заробени шпиони поради што станал познат како Мост на шпиони, филмското студио Babelsberg кое има историско значење како најстаро големо филмско студио во светот... Ноќевање.

24 октомври (вторник)      БЕРЛИН – СКОПЈЕ Појадок. Предлагаме (со метро) прошетка во бившиот западен дел на Берлин, по Булеварот Курфурштендам со најпознатата стоковна куќа KaDeWe... Слободно време за ручек во ресторан или пивница за да се пробаат специјалитетите на берлинската кујна: свинска коленица Eisbein или колбас од свинско месо со сос и кари Currywurst и сето тоа “зачинето” со пенливо германско пиво... Трансфер до аеродромот во Берлин.  Полетување со Визер во 21.35 часот. Слетување во Скопје во 23.55 часот.

 

Цена за уплати до 07 Септември:  479 евра (29.700 мкд)

Цена на аранжманот:       529 евра  (32.800 мкд )

 

 

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Берлин-Скопје

Аеродромски такси

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром 

Сместување во хотел “Park Inn by Radisson Berlin Alexanderplatz”4* во строгиот центар на Берлин, на база 3 ноќевања со појадок 

Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

Организиран панорамски разглед на градот Берлин

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг  / чекиран багаж - куфер до 20кг  ( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање) 

Пешачка прошетка со локален водич и посета на Бундестаг 25 евра

Посета на градот Потсдам со локален водич 65 евра

ПАКЕТ за пешачка прошетка и посета на градот Потсдам 80 евра

Туристичка такса 930 мкд (се плаќа во агенција )

Влезници во локалитетите, карти за локален превоз 

Патничко – здравствено осигурување 

Доплата за еднокреветна соба 7.500 мкд 

 

Напомена: 

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари. 

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ... 

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување