ДОЧЕК НА НОВАТА 2024 ГОДИНА

БУДВА - ДУБРОВНИК - ТИВАТ – КОТОР

 

1 ден: 29.12.2023 год. Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 19.30 часот; Струмица 19.30 часот; Радовиш 20.15 часот; Штип 21.00 часот; Велес 22.00 часот и Куманово 21.30ч). Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 30.12.2023 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта организирана предновогодишна забава  пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.

3 ден: 31.12.2023 год. Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино.  Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Попладне враќање во Будва. Слободно време. Вечерта дочек на Новата 2024 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Ноќевање.

4 ден: 01.01.2024 год. Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија...Попладне враќање во Будва. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 89 евра (5.500 денари) за приватно сместување

115 евра (7.100 денари) за сместување во хотел 3*

 

Во цената се пресметани следните услуги:

-Превоз со туристички автобус на дадената релација; (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп, Кавадарци, Кочани, Струмица, Радовиш, Штип, Велес, Куманово )

Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;

Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;

Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;

Посета на Св.Стефан;

Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

-Факултативен излет до Дубровник  ( 15 евра );

-Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро ( 10 евра );

-Пакет цена за излети до Дубровник и Котор-Тиват-Порто Монтенегро (20 евра );

-Влезници за посети;

-патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош; Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари. За овој аранжман важат општите услови за патување на организаторот