НОВА ГОДИНА ВО ДУБАИ
СО ЧАРТЕР ЛЕТ ОД СОФИЈА

Дубаи - неверојатен луксуз, висока технологија, целогодишно сонце - во комбинација со уникатен допир на арапската култура.
Познат во минатото како „Градот на трговците“,  Дубаи со векови ги пречекува морнарите, трговците и туристите на своите брегови, станувајќи една од најпопуларните дестинации за релаксирачки одмор, авантуристичко патување во пустината или див ноќен живот во комбинација со луксуз!

И додека сонцето танцува по брегот на Персискиот залив а мистичната пустина го опфаќа градот со своите блескави песоци, ДУБАИ ќе ви го открие својот совршен луксуз. Авангарда, архитектура од иднината каква што само може да се замисли во фантазиите, илјадници светла високо во хоризонтот, ароми, вкусови кои пленат со арапска егзотика

7 ноќи, 8 дена

ТОП ЦЕНИ      27.12.2024     7 ноќи

Хотел The Manor Hotel by JA 4*  1170(вклучен појадок)
Хотел Social Hotel 4*
1230(вклучен појадок)
Хотел Holiday Inn & Suites Science Park 4*
1310  (вклучен појадок)
Хотел First Central Hotel Suites 4*
1355 € (вклучен појадок)
Хотел Movenpick Jumeirah Village Triangle 5*
1490 € (вклучен појадок)
Хотел Media Rotana 5* 1530 € (вклучен појадок)

Хотели лоцирани на популарна локација - The Palm Jumeirah
Хотел Royal Central Hotel - The Palm 5* 2090 € (вклучен појадок)
Хотел
Aloft Palm Jumeirah 4* 2150 €  (вклучен појадок)
Хотел Dukes The Palm, (Royal Hideaway Hotel) 5*
2150 €  (вклучен појадок)
Хотел Hyatt Andaz Dubai The Palm 5*
2150 €  (вклучен појадок)

Цените се дадени по лице. Резервација се прави со депозит од 50% од износот, доплата  се врши 35 дена пред полетување. При незапазување на рокот за плаќање, туроператорот има право да го прекине договорот за патување и да ја анулира направената резервација, депозитот не е рефундабилен.

Полетување  FB2725:          Софија 07:00 - Дубаи 13:35
Враќање        FB2726:           Дубаи 14:25 - Софија 17:30
Авиокомпанија: Bulgaria Air


Цените ги вклучуваат следниве услуги:
- Чартер лет од Софија со вклучени аеродромски такси
- Багаж до 20кг.  + 10кг. рачен багаж
- 7 ноќи во избраниот хотел на база појадок
- Трансфери од аеродром до хотел и обратно
- претставник од туроператорот кој ја испраќа групата на аеродром Софија
- претставник во Дубаи од локалната партнер-агенција
Цените не ги вклучуваат следниве услуги:
- Новогодишни вечери во хотелите каде е задолжително (информирајте се во агенцијата)
- туристичка такса
туристички дирхам која се плаќа на рецепција во хотел и која изнесува 5,5 $ по соба на ноќ за хотели со 5*, 4,5 $ по соба на ноќ за хотели со 4*
- факултативни екскурзии (достапни се во агенција)
- виза за македонски државјани (информации во агенција)
-
Такса за гориво: поради постојано менување на цените на гориво, авиокомпаниите можат да побараат т.н. такса за гориво /fuel surcharge/. Во таков случај се доплаќа сума за сите резервации независно кога се направени. Ако има таква промена, информација за износот се соопштува 20 дена пред лет, а при помалку од 20 дена пред полетување.

Минимален број на патници за ова патување е 100 лица. Цените се во евра а плаќање се врши во денари по курс 1 еур = 62 мкд.