ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Прага (Карлови Вари -
Дрезден - Виена)
Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови... Лежи на брегот на реката В’лтава, најголемата Чешка река која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата ... Основан е во 9ти век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Беджих Сметана, Антонин Дворжак, Франц Кафка... а по неговите улици шетале и Моцарт, Ајнштајн, Тесла. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО
Термин 10 Октомври
1 ден 10.10.2023 СКОПЈЕ – ПРАГА Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 11:30ч. Поаѓање во 12:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден 11.10.2023 ПРАГА Очекувано пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 12.10.2023 ПРАГА – ДРЕЗДЕН Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората Светска Војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на брегот на реката Елба а во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Ова е излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Ноќевање.
4 ден 13.10.2023 ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка. Враќање во Прага во доцните попладневни часови. Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време. Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера.. Ноќевање
5 ден 14.10.2023 ПРАГА – ВИЕНА Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан ... Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.
6 ден 15.10.2023 СКОПЈЕ Очекувано пристигнување во Скопје во пладневните часови ( во зависност од задржувањето по граничните премини)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 15.09.2023: 199 евра /
12.340 денари |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ: