ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА


АЗУРЕН БРЕГ

Милано – Ница – Кан - Антиб - Ст.Тропе – Монако - Монте Карло

1 ДЕН 10.10.2023 СКОПЈЕ Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од пред спортска сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Денско и ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН  11.10.2023 КАН Oчекувано пристигнување во  Кан околу пладневните часови. Сместување во хотел. По сместувањето краток одмор и заминуваме на разглед на монденскиот  Кан. Прекрасна прошетка по улицата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината... Слободно време за индивидуални прошетки и кафе пауза, вечера во центарот на Кан. Индивидуално враќање во хотел.  Ноќевање.
03 ДЕН 12.10.2023  КАН – СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата...    Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор.   Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло... слободно време за прошетки  и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотелНоќевање.
04 ДЕН 13.10.2023  АНТИБ –НИЦА Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и потоа посета на кралицата на Азурниот брег - Ница. Антиб е прекрасно градче кое го воодушевило Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 8 еур). Продолжуваме со посета на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата... Слободно време за  индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Кан. Ноќевање.
05 ДЕН 14.10.2023 КАН – ЕЗ – МОНАКО  - СКОПЈЕ  ПојадокОдјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола,  градините на принцезата Грејс Кели... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек.  Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија. Ноќно и денско  возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности. 
06 ДЕН 15.10.2023 СКОПЈЕ:  Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО  25.08.2023    249€ / 15.4400 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ   289 € / 17.920 ден


 ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Кан , Ibis Budget Cannes Centre Ville 3*, на база 3 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Кан 
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •  Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)
  •  Посета на Ст. Тропе (40€)
  •  Посета на Ница и Антиб(50€)
  •  Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците (30€)
  •  Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (30€)

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег - 140€

  •  Туристичка такса во Кан (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  •  Влезници за културно историски споменици, музеи.
  •  Билети за јавен превоз
  •  Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  •  Доплата за избор на седиште во автобус 10€ ( резервација исклучиво при уплата)

 НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Пасошот треба да има важност минимум 90 дена после датумот на враќање.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.