ВЕНЕЦИЈА
Верона, Мурано и Бурано

 10 Февруари, со авион, 4 дена

Хотел Lugano 4*

10. Февруари (Сабота) СКОПЈЕ ВЕНЕЦИЈА  Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:00 часот. Полетување за Венеција во 12:35 и слетување во 14:30 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките… Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.

11. Февруари (Недела) МУРАНО - БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА         Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција, покрај ревиите со карневалски костими на Плоштадот Сан Марко. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет… Ноќевање.
12. Февруари (Понеделник) ВЕРОНА           Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
13. Февруари (Вторник) ВЕНЕЦИЈА СКОПЈЕ              Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до аеродромот во Венеција. Полетување за Скопје во 15:00 и слетување во 16:45 часот.

 

ЦЕНА по лице 333 еур  20.650 мкд

 

Во цената се вклучени следниве услуги:
-
Авионски превоз на релација Скопје-Венеција-Скопје со вклучени аеродромски такси

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm со максимум 10 кг)

- Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно

- Сместување во хотел Lugano 4* (www.hotellugano.it/en) во Венеција/ Местре со 3 ноќевања со појадок

- Разглед на Венеција

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:
- Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23см до 10кг)

-Багаж за чекирање 1 куфер до 20кг

- Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 50€

- Посета на Верона 50 €

- Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)

- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 €)

- Патничко – здравствено осигурување (информации во агенција)
НАПОМЕНИ:

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето