ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
ИСТАНБУЛ
1 ден 09.04.2026 (Четврток) Поаѓање во пладневните часови од градовите: Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија (граница). Сe патува преку Грција со попатни паузи.
2 ден 10.04.2026 (Петок) Пристигнување во Истанбул. Со локален водич започнуваме со задолжителниот разглед на Европскиот дел на Истанбул. Најпрво панорамски разглед на областите Аксарај и Лалели, Универзитетот Бејазит под Римскиот аквадукт, Џамијата Сулејмание, покрај Египетскиот пазар, Галата мостот итн. Разгледот продолжува покрај заливот ''Златниот Рог'' кој е долг 7 км и го дели европскиот дел на два дела Потоа се упатуваме кон христијанската населба Балат која е позната по многуте шарени куќи обоени во различни бои, кои и даваат посебен сјај на оваа населба, исто така овде се наоѓа и Вселенската Патријаршија, старата Грчка гимназија и Железната црквa која е градена од македонски мајстори и каде е погребан Партеније Зографски.
Вселенската Патријаршија - највисоката духовна власт на Православната црква во светот. Основана уште во 4 век, Патријаршијата е седиште на Вселенскиот патријарх – духовниот лидер на над 300 милиони православни христијани. Во нејзиниот комплекс се наоѓа црквата „Св. Георгиј“, каде се чуваат свети мошти и древни икони. По завршување со разгледот се упатуваме кон хотелот каде сместувањето е попладне , по добивање на собите во договореното време групата има можност за пешачка тура со локален водич до Капали чаршија а потоа се продолжува и до Хиподромот каде се наоѓаат Аја Софија, Сината џамија, Топкапи и многу други културно историски споменици. По завршување на пешачкиот разглед со локалниот водич каде се остава групата за слободни активност и индивидуален разглед.
Хиподромот (во вид на потковица, кој некогаш служел за коњски трки) а денес е познат како плоштадот Султан Ахмет каде се наоѓа исто имената Џамија денес позната како Сината Џамија.
Сината Џамија можност за индивидуална посета (чија каректеристика е тоа што е единствената џамија со 6 минариња на сино-зелените кристали и мермерни камчиња по кои што го добила и името).
Аја Софија со можност за индивидуална посета (најпрво изградена како црква на Светата мудрост градена во време на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија за покасно да биде прогласена за музеј и била една од најпосетуваните атракции во Истанбул, за да денес повторно функционира како џамија). Ноќевање.
3 ден 11.04.2026 (Сабота) Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативата Крстарење по Босфорот + Азиски дел на Истанбул.
Крстарење по Босфорот (прекрасно крстарење покрај европскиот и азискиот брег на Босфор каде се наоѓаат палатата Долма Бахче, џамијата Ортакој, куќите на познати турски глумци,политичари и бизнисмени, многу од нив ќе ги препознаете од турските ТВ серии...)
Бејлербеи или некои уште ја опишуваат како минијатурна Долмабахче служела како летна резиденција на султанот исто така тука се одржувале многу забави за гостите, посебно во летниот период. Истотака место на многу рибни ресторани и место каде се снимени голем број од турските филмови.
Џамијата Чамлиџа – Симболот на современ Истанбул Највисоката точка на градот – со поглед што одзема здив! Најголемата џамија во Турција – собира до 63.000 верници. Комбинација од османлиска традиција и модерен стил проектирана од турска архитектка Мерием Уста. Во комплексот има музеј, библиотека, изложби и огромен паркинг. Од нејзините дворови се гледа цел Истанбул – од Златниот Рог до Принцевските острови! Чамлиџа Џамијата– место каде верата и уметноста се среќаваат над облаците.
Кадиќој е прекрасна област во азискиот дел на Истанбул на анадолската страна кое е посебно омилено на локалното население затоа што тука може да вкусите прекрасна храна најдобрата пица во Истанбул. Областа изобилува со мали кафетерии, продавници раздвижен дел на Истанбул каде се наоѓаат големи станбени објекти посебно популарна е да се посети улицата Bahriye. Враќање кон хотелот.Слободни активности.
Ноќно крстарење на Босфорот- факултативна можност за три часовно ноќно крстарење по Босфорот од каде се гледа прекрасната палата Долма Бахче и Џамијата Ортакој, придружено со традиционални турски танци, неограничени безалкохолни пијалоци и 2 чаши алкохол , три вида мени по избор. Враќање во хотелот. Ноќевање.
4 ден 12.04.2026 (Недела) После појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон паркот Емирган. Паркот Емирган се наоѓа во убавата населба Емирган покрај брегот на Босфорот и зафаќа површина од 325.000 квадратни метри. Некогаш приватно место на египетскиот Кедив Исмаил Паша, и откако беше подарок од отоманскиот султан Мурат IV на иранскиот благородник Емир Гун, денес паркот служи како многу убава јавна градина и за локалното население и за туристите во Истанбул, посетителите можат да уживаат во илјадници лалиња во 120 различни видови кои цветаат во април, како и во неколку културни и уметнички активности кои се организираат во паркот Емирган. По завршувањето на прошетката во паркот се упатуваме на Таксим – плоштадот до кој се пристигнува поминувајќи покрај Галата Кула и познатата улица Истиклал која изобилува со многубројни бутици, ресторани, кафетерии и по која се движи познатиот црвен трамвај кон плоштадот Таксим, слободно време за индивидуални активности. Во договореното време гупата се упатува кон шопинг центарот ''ФОРУМ'' во чија близина се наоѓа и Декатлон. Слободно време за шопинг и ручек . Попладнето поаѓање за Македонија ноќно возење со попатни паузи.
5 ден 13.04.2026 (Понеделник) Пристигнување во Македонија во утринските часови.
ПРОМО ЦЕНА - 119 евра (7380 ден.)
Редовна цена - 139 евра (8620 ден.)
Во цената на аранжманот е вклучено:
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ - ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ – 25 евра
Панорамски разглед на Европски дел, (со локален водич)
Балат -прв ден (со локален водич)
Вселенската Патријаршија - прв ден (со локален водич)
Плоштадот Таксим -трет ден
Крстарење по Босфор,
Панорамски разглед на Азиски дел,
Бејлербеи,
Џамијата Чамлиџа,
Кадиќој.
За оваа патуваање важат општите услови за патување на организаторот