ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
И С Т А Н Б У Л
1 ден 22.10.2026 (Четврток ) Поаѓање во пладневните часови од градовите: Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија (граница). Сe патува преку Грција со попатни паузи.
2 ден 23.10.2026 (Петок) Пристигнување во Истанбул. Со локален водич започнуваме со задолжителниот разглед на Европскиот дел на Истанбул. Најпрво панорамски разглед на областите Аксарај и Лалели, Универзитетот Бејазит под Римскиот аквадукт, Џамијата Сулејмание, покрај Египетскиот пазар, Галата мостот итн. Разгледот продолжува покрај заливот ''Златниот Рог'' кој е долг 7 км и го дели европскиот дел на два дела Потоа се упатуваме кон христијанската населба Балат која е позната по многуте шарени куќи обоени во различни бои, кои и даваат посебен сјај на оваа населба, исто така овде се наоѓа и Вселенската Патријаршија, старата Грчка гимназија и Железната црквa која е градена од македонски мајстори и овде е погребан Партеније Зографски.
3 ден 24.10. 2026 (Сабота) Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативата -Крстарење по Босфорот + Азиски дел на Истанбул.
Ноќно крстарење на Босфорот- факултативна можност за тричасовно ноќно крстарење по Босфорот од каде се гледа прекрасната палата Долма Бахче и Џамијата Ортаќој , придружено со традиционални турски танци, неограничени безалкохолни пијалоци и 2 чаши алкохол , три вида мени по избор. Враќање во хотелот. Ноќевање.
4 ден 25.10.2026 (Недела) После појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Таксим – плоштадот до кој се пристигнува поминувајќи покрај Галата Кула и познатата улица Истиклал која изобилува со многубројни бутици, ресторани, кафетерии и по која се движи познатиот црвен трамвај,слободно време за индивидуални активности. Во договореното време групата се упатува кон шопинг центарот ''ФОРУМ'' во чија близина се наоѓа и Декатлон. Слободно време за шопинг и ручек . Попладнето поаѓање за Македонија ноќно возење со попатни паузи.
5 ден 26.10.2026 (Понеделник )Пристигнување во Македонија во утринските часови.
ПРОМО ЦЕНА - 119 евра (7,380 ден.)
Редовна цена - 139 евра (8,620 ден.)
Во цената на аранжманот е вклучено: