ЛЕТО 2026 – ГРЦИЈА
Вила ЦИЦИРИКОС - Торони
Опис Вилата Tsitsirikos е еден од најпознатите и најбараните објекти во Торони, позната по одличниот сооднос на квалитет и цена. Сместена е на само 70 метри од плажата и шеталиштето, во прекрасен двор полн со зеленило и цвеќиња. Мирна атмосфера, исклучителна чистота и љубезни домаќини се причината зошто оваа вила е омилен избор за семеен одмор во Торони.
Локација Вилата се наоѓа на само 70 метри од песочната плажа во Торони, во непосредна близина на сите содржини – маркети, таверни, кафулиња и продавници. Лесно се пристапува со автомобил, а вилата располага со сопствен паркинг за гостите.
Сместување и содржини Објектот се состои од 12 четирикреветни апартмани (30 m²)
Апартманите располагаат со:
- спална соба со брачен кревет
- кујна со трпезариски простор каде има еден поголем и еден помал единечен кревет
- во два апартмани дополнително има и фотеља-кревет
- сите апартмани имаат балкон (некои со трема), клима, ТВ, Wi-Fi и комарници
Двор и удобности Вилата има простран, уреден и зелен двор, идеален за семејства со деца. Во дворот има лежалки и чадори, масички со столици, скара (BBQ) достапна за сите гости, како и делови со сенка за попладневен одмор. Паркингот е бесплатен и обезбеден во рамките на дворот.
Услуга и хигиена Сместувањето е исклучително чисто и редовно одржувано. Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 7 дена. Домаќините се познати по својата љубезност и внимателен однос кон секој гостин.
Предности
- Само 70 м од плажата и шеталиштето
- Пространи апартмани со комплетна кујна
- Прекрасен зелен двор со скара и простор за одмор
- Бесплатен Wi-Fi и паркинг
- Одличен избор за семеен одмор
- Исклучителна чистота и љубезни домаќини
|
Период |
Apartman 1/2+2 |
|
17.05.2026 |
|
|
24.05.2026 |
|
|
31.05.2026 |
|
|
07.06.2026 |
|
|
14.06.2026 |
|
|
21.06.2026 |
|
|
28.06.2026 |
|
|
05.07.2026 |
|
|
12.07.2026 |
|
|
19.07.2026 |
|
|
26.07.2026 |
|
|
02.08.2026 |
|
|
09.08.2026 |
|
|
16.08.2026 |
|
|
23.08.2026 |
|
|
30.08.2026 |
|
|
06.09.2026 |
|
|
13.09.2026 |
|
|
20.09.2026 |
|
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во студио 7 ноќи
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот објект во Грција.
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка такса 2 евра по соба од ноќ
НАПОМЕНИ:
– Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот .
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– Доплата за превоз:
- Метаморфози, Ормос Панагиас: возрасен 45 евра, дете до 12 години 35 евра
- Неос Мармарас: возрасен 50 евра, дете до 12 години 40 евра
- Торони, Сикија: возрасен 55 евра, дете до 12 години 45 евра
* Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)