ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
Вила ИЛАКТИДА – Торони
Опис Вилата Ilaktida е нов, модерен објект сместен во централниот дел на Торони, на само 100 метри од прекрасната песочна плажа. Благодарение на својата одлична локација и современ изглед, оваа вила е еден од најпродаваните и најбараните објекти во Торони. Со пријатен двор, мирна атмосфера и целосна опременост, претставува идеален избор за сите кои сакаат квалитетно и удобно сместување покрај море.
Локација Ilaktida се наоѓа во центарот на Торони, на само 2 минути пешачење од плажата и во непосредна близина на сите потребни содржини – таверни, маркети, пекари, кафулиња и продавници.
Сместување и содржини Објектот располага со модерни трокреветни студија. Секое студио е уредено со вкус и функционално опремено, и располага со:
- еден брачен и еден единечен кревет
- клима-уред (бесплатно)
- телевизор со рамен екран
- Wi-Fi интернет (бесплатно)
- кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот
- приватен тоалет со туш
- балкон со маса и столови и комарник
Двор и удобности Вилата има прекрасно уреден двор со зеленило, скара (BBQ) на располагање за гостите и сопствен паркинг. Овие погодности овозможуваат пријатен престој и одмор во опуштена и домашна атмосфера.
Услуга и хигиена Сместувањето е чисто, современо и редовно одржувано. Постелнината и пешкирите се менуваат на 7 дена при влез во собите, а персоналот е љубезен и секогаш подготвен да помогне.
Предности:
- Нов, модерен објект во центарот на Торони
- Само 100 метри од песочна плажа
- Бесплатна клима и Wi-Fi интернет
- Сопствен паркинг и двор со скара
- Просторни трокреветни студија
- Еден од најбараните објекти во Торони
Локација/ Кординати: 39.9850594,23.9041031
ЦЕНИ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО БЕЗ ПРЕВОЗ ЗА 7 НОЌИ
|
Период |
Studio 1/2+1 |
|
17.05.2026 |
|
|
24.05.2026 |
|
|
31.05.2026 |
|
|
07.06.2026 |
|
|
14.06.2026 |
|
|
21.06.2026 |
|
|
28.06.2026 |
|
|
05.07.2026 |
|
|
12.07.2026 |
549 |
|
19.07.2026 |
|
|
26.07.2026 |
|
|
02.08.2026 |
|
|
09.08.2026 |
|
|
16.08.2026 |
|
|
23.08.2026 |
|
|
30.08.2026 |
348 |
|
06.09.2026 |
289 |
|
13.09.2026 |
212 |
Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена.
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во студио 7 ноќи
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот објект во Грција.
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка такса 2 евра по соба од ноќ
НАПОМЕНИ:
– Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот .
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– Доплата за превоз:
- Метаморфози, Ормос Панагиас: возрасен 45 евра, дете до 12 години 35 евра
- Неос Мармарас: возрасен 50 евра, дете до 12 години 40 евра
- Торони, Сикија: возрасен 55 евра, дете до 12 години 45 евра
* Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)