ЗИМА 2026 – ИТАЛИЈАНСКИ АЛПИ
ДОЛОМИТИ – СКИ ПАКЕТИ
07.01 – 15.01.2026
Лоцирани на сончевата страна на Алпите, Доломити се дестинација за одмор која заслужено се смета за една од најдобрите скијачки региони во светот – идеална за оние што бараат разновидност и врвно ски-искуство.
Од почетници кои сакаат безгрижно да ги направат своите први чекори на снег, до семејства со деца кои бараат безбедна и пријатна средина, па сè до искусни скијачи и ѕвезди на Светскиот куп кои уживаат во динамични падини и вистински спортски предизвик – Доломити нудат нешто за секого!
Скијањето овде значи уживање на легендарните патеки на Мармолада, како и на бројните поврзани скијачки центри, со вкупно над 1.200 км патеки и 30 снежни паркови. Сето тоа е поддржано од модерни жичари, совршено уредени терени и беспрекорна инфраструктура.
Сместувањето е организирано во Hotel Orsa Maggiore 3* – хотел со одлична локација, веднаш до прекрасните скијачки патеки на Доломити, кој нуди удобност, топлина и сè што ви е потребно за вистински зимски одмор.
Нашиот искусен тим ќе се погрижи за секој детал – од организација и логистика до дружење и активности, со цел да ви овозможиме не само патување, туку и вистинско зимско доживување.
Придружете ни се и поминете незаборавен одмор исполнет со скијање, авантура, нови пријателства и многу забава.Искусете уникатни моменти и создадете спомени за цел живот
| Датум: | 07.01 – 15.01.2026 | 
| Цена: | 
 | 
| Во цената е вклучено: | 
 | 
| Во цената не е вклучено: | 
 | 
07.01.2026 Собир на групата и тргнување од Скопје во 17.00 часот со автобуски превоз
 Ноќно возење.
 08.01.2026  Пристигнување во Фалкаде. Сместување во хотел (после 15.00 часот). Помош при купување ски карти и ски рент. Вечера во хотел и ноќевање
 09-13.01.2026  Појадок во хотел. Индивидуални активности/Ски активности. Вечера и слободни активности. Ноќевање
 14.01.2026  Појадок во хотел. Тргнување кон Скопје
 15.01.2026 Пристигнување во Скопје во претпладневните часови
Дополнителни информации: Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зонатa. Задолжително е секој патник да има валидно патничко осигурување. При резервацијата треба да се плати 50% од вкупниот износ на аранжманот а доплата се врши 15 дена пред поаѓање. Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД