ЈУНСКИ ПАТУВАЊА
МАЛТА

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања

06. Јуни (петок)   СКОПЈЕ – МАЛТА  Состанок на групата на скопскиот аеродром во 18:55 часот. Лет за Малта W6 4765 во 20:55 ч. Пристигнување на Малта во 22:40 часот. Трансфер до хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечера. Ноќевање.
07
. Јуни (сабота)      МАЛТА (Валета и Мдина)  Појадок. Организиран целодневен излет во градовите Валета и Мдина. Заминување кон Валета, кој е познат и како “Град изграден од џентламени за џентламени”. Овој град на барокот денеска е дом на безброј музеи, вклучувајќи ги, Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, како и на многубројни продавници, маркети, бутици...Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: “Upper Barraca Gardens” од каде што се пружа прекрасна панорама на големиот залив, Катедралата “St.John”, украсена со богатсвото кое датира од времето на Витезите на Малта, вклучувајќи го и познатото сликарство на Caravaggio. Претседателската палата, позната како “Grand Master’s Palace”, украсена со портрети на големите европски монарси, Малтешки претседатели... уникатни гобленски таписерии, и фрески кои ја отсликуваат Големата Опсада. Патувањето продолжува кон Мдина, првата престолнина на Малта позната како “Тивкиот Град”. Интригантните тесни и криви улици со стари и раскошни лампи го прави овој град спектакуларен навечер. Смирен и тивок се придавките кои ја кријат вистината за неговот име. Ѕидините на Мдина датираат од 1090г, на главниот плоштад стои барокна катедрала, во Мдина се наоѓаат и катакомбите St.Paul, подземни римски гробишта, кои се користеле се до 4 век. Мозаиците во Domus Romana или Римската Вила кои датираат од 1 век п.н.е се одлична илустрација на Хеленската сликовита култура. Враќање во хотел. Ноќевање.           
08
. Јуни (недела)       МАЛТА (Островот Гозо)  Појадок. Факултативен излет на островот Гозо. Пристигнување во Чиркева сместен во најзападниот дел на островот,  и потоа со фери – брод заминување кон Гозо островот – сестра на Малта. Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: Qala Belveder од каде што ќе бидете сведоци на прекрасниот поглед кон Гозо, Комино и Mалта заедно. Главниот град Викториа кој го добил името по нејзиното височество кралицата Викториа. Рибарското гратче Xlendi, храмот Ggantija е еден од најстарите и најдобро зачуваните меѓу Малтешките острови, прошетка по карпестата околина на Двејра. Враќање во хотел. Ноќевање
09
. Јуни (понеделник)     МАЛТА (Трите града) – СКОПЈЕ  Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет до Трите града (Сенглеа, Коспикуа и Виториоса (Бургу))  Ова патување започнуива со панорамски разглед кое ќе не однесе до нашата последна станица; Биргу (Виториоза) каде што витезите го поставиле своето седиште по нивното пристигнување во Малта во 1530 година. Посетата ја вклучува импозантната црква Свети Лоренс и Палатата на инквизиторот. Нашата прошетка потоа ќе не однесе до брегот на Виториоза каде што може да се восхитуваме извонреден панорамски поглед на „Трите града“ и неговите одбранбени линии. Овие градови  се познат по својата архитектура, локалните пазари, малите улични кафеани и уникатните фестивали, за вистинско автентично малтешко искуство .Во 20:15 трансфер до аеродромот во Малта. Лет за Скопје W6 4766 во 23:10 ч. Пристигнување во Скопје во 00:50 часот.

 

Цена на аранжманот во претпродажба:
Standard пакет = 374 € (со вклучени 2 разгледи на Валета и Мдина)

Редовна цена на аранжманот :
Standard пакет = 405 € (со вклучени 2 разгледи на Валета и Мдина)


Во цената на аранжманот е вклучено:

- Авионски превоз: Скопје – Малта – Скопје
-  Рачна торба или ранец (40x30x20cm)
- O
рганизирани трансфери во Малта: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во HOTEL TOPAZ (3*)
3 ноќевања со појадок
-Организиран разглед на Валета и Мдина
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето


Во цената на аранжманот не е вклучено:
-
Факулативни излети и посети:
        * Посета на на Трите града 45€
        * Посета на островот Гозо 85€
- Патничко здравствено осигурување
- Еко такса 0,5€ по лице од ден, се плаќа на рецепција во хотелот
- Доплата за 1/1 соба 70 €
- Индивидуални трошоци кои не се наведени во програмата, влезници за културно-историските
спомениците

НАПОМЕНА:

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 

- За овој аранжман важат Општите правила и услови на патување