ШПАНИЈА – КОСТА БРАВА
автобуски тури 2026 година
Долгогодишно искуство во светот на патувањата!
Подгответе се за авантура исполнета со сонце, забава и нови спомени – ова лето Шпанија ви е поблиску од кога било. Ве водиме до најубавите шпански градови и плажи – удобно, безгрижно и со добра атмосфера уште од првиот чекор во автобусот. Исполнете го летото со шпански дух и медитерански ритам – вашето следно незаборавно бегство започнува со LAGUNA JET !
Возбудени сме што можеме повторно да ви понудиме незаборавен летен одмор, каде што ќе имате можност да посетите повеќе од 10 европски градови и да ја истражите нивната историја, култура и познати знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција – ќе уживате во некои од најубавите и највпечатливи места во Европа.
Ако првпат патувате во Шпанија и се приклучувате на оваа наша авантура, со сигурност ви ветуваме две незаборавни недели. Иако најголемата грижа обично е долгото автобуско патување, нашиот водич, искусните возачи, бројните попатни паузи и посетите на прекрасни локации попатно, ќе направат патувањето да биде вистинско уживање.
Земјата на сангријата, коридата, фудбалот и егзотичната убавина ве очекува. Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да создадете спомени што ќе траат цел живот. Придружете ни се и доживејте го најдоброто лето досега!
ШПАНИЈА - ПАКЕТ АРАНЖМАН СО АВТОБУС ЈУНИ и ЈУЛИ 2026
Термин: 09.06 - 20.06.2026
|
09.06 - 20.06.2026 |
HOTEL Guitard Central Park 4* |
699 € по лице |
Хотел Guitart Central Park Aqua Resort
Специјално дизајниран за семејни одмори, хотелот Guitart Central Park Aqua Resort 4*, сместен до плажата Феналс, во идеално опкружување помеѓу морето и планините. Се наоѓа во срцето на Лорет де Мар, крајбрежен град на Коста Брава — туристичка област која успеала да ја задржи својата традиција и прекрасни предели, истовремено развивајќи одржлив и висококвалитетен туризам. Околината на Лорет де Мар нуди природни пејсажи, прекрасни плажи и рајски заливи кои вредат да се откријат.
На Коста Брава, само неколку метри од прекрасната плажа на Лорет де Мар и замокот Сант Жоан, се наоѓа Hotel Guitart Central Park Aqua Resort, кој ги нуди сите удобности за незаборавен семеен одмор: воден парк, 3 базени, 3 ресторани, 8 барови и целосна програма на анимација за млади и возрасни. Уживајте во шармот на Лорет де Мар во уникатен хотел со воден парк со тобогани, спа-центар, барови, ресторани и богата програма за забава која ќе ви го обезбеди целиот потребен уживање за вашите семејни празници.
Хотелот располага со различни типови сместување дизајнирани така што семејствата да можат да уживаат во одмор од соништата со најдобрите услуги при рака — од удобни двокреветни поврзани соби до фамилијарни соби со капацитет за двајца возрасни и три деца.
Програма на патувањето: 09.06.2026 - 20.06.2026
09.06.2026 Поаѓање од Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
10.06.2026 Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција. Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*) Ноќевање.
11.06.2026 Појадок и поаѓање кон Верона. Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери. Поаѓање кон Шпанија - Ноќно возење
12.06.2026 Пристигнување во Лорет де Мар и сместување во хотел со 4*. Во хотелот имаме 2 оброци (појадок и вечера) - шведска маса.
12.06.2026 - 18.06.2026 - Престој во Лорет де Мар- Хотел Guitart Central Park Aqua Resort 4*.
- Факултативно - Организирано гледање на Ф1 на Шпанското Гран При во Барселона.
18.06.2026 После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3* . Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нуди Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион.. Ноќевање
19.06.2026 - Појадок и одјавување од хотел. Поаѓање кон Скопје.
20.06.2026 - Пристигнување во Скопје во претпладневните часови
Термин: 26.06-07.07.2026 година
|
26.06 – 05.07.2026 |
Reymar Playa 3* |
699 евра |
Сместен веднаш покрај морската променада, Hotel Reymar Playa нуди удобно сместување во самиот центар на Малграт де Мар. Хотелот располага со надворешен базен и пријатен простор за релаксација. Собите се пространи и климатизирани, секоја опремена со рамноекрански ТВ од 32" до 40", приватно купатило и сопствен балкон. На располагање е 24-часовна рецепција со услуга за размена на валути и туристичко биро. Во склоп на хотелот има детско игралиште, ресторан и бар. Тенискиот терен и теретаната се достапни со доплата. Малграт де Мар нуди богат избор на продавници и живописни барови во непосредна близина. Аеродромот Жирона се наоѓа на 35 км, а градот Жирона е оддалечен 45 км. Од Малграт де Мар сообраќа редовна железничка линија до Барселона, (околу 65 км).
26.06.2026 Поаѓање од Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
27.06.2026 Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција. Сместување во хотел во регијата Венето (хотел со 2* или 3*) Ноќевање
28.06.2026- Појадок и поаѓање кон Верона. Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери. Поаѓање кон Шпанија. Ноќно возење
29.06.2026 Пристигнување во Малграт де Мар и сместување во хотел Reymar Playa 3* - Malgrad de Mar
Malgrat de Mar е живописен туристички град на Коста Брава, познат по долгите песочни плажи, прекрасно уредената морска променада и пријатната медитеранска атмосфера. Градот нуди одлична комбинација од релаксација и забава – бројни ресторани, барови, шопинг улици и содржини за семејства. Одлично е поврзан со Барселона и Жирона со редовна железничка линија, што го прави идеална база за истражување на регионот. Malgrat de Mar е совршена дестинација за мирен, но динамичен одмор на море. Во хотелот имаме 3 оброци (појадок, ручек и вечера) на шведска маса.
29.06.2026 - 05.07.2026 - Престој во Reymar Playa 3* - Malgrad de Mar
05.07.2026 -Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нудат Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион. Ноќевање
06.07.2026 -Појадок и одјавување од хотел . Поаѓање кон Скопје.
07.07.2026 - Пристигнување во Скопје во претпладневните часови
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:
1. Посета на Венеција со Брод. - 30 ЕУР - Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови. По пристигнувањето, започнуваме со турата низ Венеција и ги посетуваме најпознатите знаменитости: Мостот на воздишките, плоштадот Св. Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, како и бројните романтични канали, меѓу кои и Големиот канал кој го дели градот на два дела.
По завршување на организираниот дел од турата, следува слободно време за индивидуални активности – прошетка низ уличките, возење со гондола, купување сувенири и уживање во уникатната атмосфера на Венеција.
2. Посета на Верона - Пристигнување во Верона. Следува прошетка низ историскиот центар на градот и посета на некои од неговите најпознати знаменитости: античката римска арена – една од најстарите и најдобро сочувани во Европа, каде денес се одржуваат престижни концерти и оперски претстави; куќата на Јулија, симболот на романтиката; како и споменикот на Данте Алигиери, сместен на прекрасниот плоштад Пјаца деи Сињори. Ќе уживате во атмосферата на овој волшебен италијански град исполнет со историја и шарм.
3. Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нуди Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион.
4. Барселона Панорамика 1 - 65 еур Поаѓање после појадок од пред хотел со автобус.
Пристигнување во Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот - Шпанско Село. Со вклучена посета на Магичните фонтани. Слободно време за шопинг и индивидуални активности.
Посета на убавата Рамбла, кралскиот плоштад Реиал и еден од најубавите Roof top bars во Барселона.- Препорака за исклучително добар и ефтин традиционален ресторан со локална Каталонска храна.
Можност за дополнителна факултатива: Аквариум Барселона - влезница 35 еур Враќање во хотел во вечерните часови. Пристигнување за вечера.
5. Фламенго Вечер - 50 еур Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (традиционално Шпанско вино)
Задолжителнен пакет на факултативи- Посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло 45 евра (уплата во агенција)
Цената вклучува:
- Организација на патувањето и водич
- Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
- 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
- 6 полупансиони (појадок и вечера - шведска маса) во Лорет де Мар во дво и трокреветни соби
- 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција - Кан / Ница / Санремо во хотел со 2/3*)
Цената не вклучува:
- Задолжително патничко осигурување: 550 денари ( се плаќа во агенција).
- Доплата за еднокреветна соба = 45 еур по лице / на ден
- Задолжителна туристичка такса во Италија, Франција = 10 еур (Се уплаќа во агенција)
- Туристичка такса во Шпанија се плаќа на рецепција (Околу 1,5 еур ден се плаќа на рецепција во хотел)
- Задолжителнен пакет на факултативи: Посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло -45 евра
- Факултативни екскурзии според програмата
- Се она што не е наведено во програмата
Дополнителни информации:
-Резервација на место се прави со задолжителна уплата од 30% депозит.
-Попуст за дете од 2 до 12 год - 40 еур
-Останатиот износ се плаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање.
-Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ (евро) = 62 денари.
-Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
-Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
-Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
-Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
-Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
-Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата
-За секоја факултатива потребно е минимум 25 патници