BELAD BONT RESORT 4* - Салала

                                                                www.beladbont.com/

Локација: хотелот се наоѓа на 7 км од аеродромот во Салала, на 8 км од центарот на градот и на 1,5 км од палжата Аувкад. Организиран е бесплатен шатл превоз до плажата какде чадорите и лежалките се бесплатни. На плажата има снек бар.
Соби: хотелот располага со 99 соби во главна зграда:  Standard Room (32 м²), Superior Room (35 м²), Deluxe Room (42 м²), Super Deluxe Room (47 м²), Executive Suite (75 м².), Premium Suite (81 м²), Presidential Suite (87 м².) и Royal Suite (157 м²). Секоја соба е опремена со клима уред, ТВ, телефон, купатило со туш кабина / када, сеф, сет за кафе и чај, Wi-Fi (бесплатно). Собите се чистат секој ден.
На територијата на хотелот: основен ресторан, 3 а-ла карт ресторани, бар на базен, бар на плажа, кафе, слаткарница. Појадок во главниот ресторан на шведска маса или сет мени од 06:30 до 10:30, ручек од 12:30 до 15:00, вечера: од 19:00 до 23:00, чај од 16.00 до 18.30 , кафе (само Nescafe); сандвичи и колачи. Хотелот располага со отворен и затворен базен, СПА центар, салон за убавина, фитнес, две конференциски сали, Wi-Fi (бесплатно).
 За децата: детски базен, детски клуб.
All Inclusive soft: појадок, ручек и вечера на шведска маса, меѓуоброк, безалкохолни напитки.


  25.01.2026   22.02.2026      7 НОЌИ
 
цени по лице

Standard Room

1190 € на база полупансион / 1280 € на база All Inclusive Soft

Superior Room

1215  на база полупансион / 1300 € на база  All Inclusive Soft

Deluxe room

1255  на база полупансион / 1320 € на база All Inclusive Soft

 

 Пакетните цени вклучуваат:

• Чартер лет Софија – Салала - Софија (со технички стоп во Мускат) со вклучени аеродромски такси и багаж до 20 кг. чекиран и до 10 кг. рачен (55 х 40 х 23). Дозволен багаж за бебиња до 1,99 г. е 10 кг. чекиран и до 10 кг. рачен + бебешка количка.
• 7 ноќи во хотел по избор на соодветна услуга.
• Групен трансфер аеродром - хотел – аеродром.
• Претставник од агенција на аеродромот во Софија
• Претставник на дестинацијата од страна на локалната партнер-агенција

Пакетните цени не вклучуваат:
• Такса за гориво ( забелешка најдолу во текстот).
• Дополнителни екскурзии, посета на туристички објекти и влезници.
Такса за гориво: поради постојано менување на цените на гориво, авиокомпаниите можат да
побараат т.н. такса за гориво /fuel surcharge/. Во таков случај се доплаќа сума пресметана над сумата добиена по формулата подолу и е важечка за сите резервации независно кога се направени. Ако има таква промена, информација за износот се соопштува 20 дена пред лет, а при помалку одт 20 дена пред
патување, истата се плаќа во рок од 3 дена од денот на соопштување. Формула за калкулација на тон за 1 /една/ линија – Софија – 800 усд на тон, Салала – 800 усд на тон и курс на евро-усд 1,00 = 1,00: ((X-Y) x Z)+ ((X1-Y1) x Z1)/број на седишта = НЕТО ГОРИВНА ТАКСА, каде X е актуелна цена на гориво /пред или по време на програмата /, Y е гореопишаната цена на гориво дадена во понудите, а Z - среден расход на гориво во тон по линија Софија – Салала, а X1, Y1 и Z1 се истите компоненти но по обратна линија Салала – Софија.