ДОЧЕК НА НОВАТА 2024 ВО ПОРЕЧ

(РОВИЊ-ОПАТИЈА)

 

(29.12.2023-01.01.2024)

НЕЗАБОРАВНА ЗАБАВА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД СО ПЕТАР ГРАШО !

 

Пореч е градот кој зрачи со посебна енергија за време на празниците... Божиќни штандови со најразлични производи, мноштво ресторани кои нудат традиционална храна, шарени улици кои се претвараат во голем понидум за игра на отворено... Подгответе се за незаборавна забава на едно од најубавите места на Јадранот... На централниот плоштад-срцето на празничните случувања ќе можете да уживате во музика во живо и спектакуларен огномет кој ќе го одбележи пристигнувањето на Новата Година. Идеално место од каде ќе понесете преубави спомени со своите сакани!

 

Прв ден: 29.12.2023 година (петок) Поаѓање на групата од Скопје во 18.00 часот (од пред договорено место) кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце. Попатни одмори.

Втор ден: 30.12.2023 година (сабота)  Пристигнување во Пореч  во пладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на градот кој нуди интересна мешавина на средновековно наследство. Најпозната знаменитост е Еуфразијевата базилика од VI век, прекрасна градба од ранохристијанската архитектура ставена на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Потоа сместување на групата во хотел Parentino 4 * (https://www.valamar.com/hr/hoteli-porec/parentino-hotel ) кој се наоѓа на само неколку минути  од строгиот центар на градот. Слободно попладне за индивидуални прошетки во градот кој нуди одлични можности за убав помин и за совршен почеток на Новата Година. Ноќевање.

Трети ден: 31.12.2023 година (недела) Појадок. Организирано заминување кон Ровињ, најромантичното место на Медитеранот, градот кој многумина го нарекуваат Монте Карло на Истарската ривиера. Тоа е еден од најчесто фотографираните хрватски градови, со разнобојни куќи кои како да се издигаат од морето кон катедралата Свети Еуфемија, со камени поплочени улици полни со уметнички галерии, со ренесансни и барокни палати... Разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки и за уживање во фантастичната предновогодишна атмосфера. Во попладневните часови враќање во Пореч. Слободно време за одмор и подготовка за забавата на Плоштадот на Слободата во центарот на градот каде со звуците на Петар Грашо ќе ја испратиме старата и ќе ја дочекаме Новата Година. Ноќевање.

Четврти ден: 01.01.2024 (понеделник) Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Опатија. Слободно време за индивидуални прошетки низ познатото приморско шеталиште Фрањо Јосип на брегот на Јадранското Море и низ преубавите паркови во кои доминира божиќниот венец како симбол на вечноста и верноста. Пристигнување во Македонија во понеделник, на 02. јануари во раните утрински часови.

  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  279 евра (17.300 денари)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 - Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотел Parentino 4* во Пореч

- Локален туристички водич во Пореч и Ровињ

- Посета на Опатија

- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

  

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 - Доплата за еднокреветна соба – 50 евра

- Туристичка такса... 300 денари за двете вечери(се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници