БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО СЛОВЕНИЈА И АВСТРИЈА

КРАЊСКА ГОРА - ХАЛШТАТ - САЛЗБУРГ - КЛАГЕНФУРТ - ВЕЛДЕН

Бонус излет на БЛЕД!

 

(06.12.2024-11.12.2024)

 

Ако сакате да уживате во одлична Божиќна атмосфера, посетете го прекрасниот барок град Салзбург; ако милувате да посетите идилично и бајковито место стуткано во Алпите тогаш посетете го Халштат-најубавото село во светот со само една главна улица... Ако пак сакате да ја доживеете најубавата Австриска бајка, тогаш посетете го романтичниот Велден, градот на Ангелите... Едноставно, застанете покрај некое огниште и слушајте го пукањето на разгорените дрва за да го доживеете вистинското значење на Божиќ

 

Прв ден: 06.12.2024 година (петок) Заминување на групата во 19:00 часот од Скопје (пред однапред договорено место) кон Словенија, со туристички автобус преку граничниот премин Табановце и со попатни одмори.

Втор ден: 07.12.2024 година (сабота)  Пристигнување во Крањска Гора во пладневните часови.  Сместување во хотел Ramada Resort  4* (hit-alpinea.si) во двокреветни соби. Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Хотелот располага со wellness центар и внатрешен базен, а се наоѓа на само неколку минути од центарот на ова мало,  перфектно уредено туристичко место со стари градби во алпски стил. Ноќевање.

Трети ден: 08.12.2024 година (недела) Појадок. Потоа заминување на групата со локален туристички водич кон Австрија на целодневен разглед најпрво на градот Халштат за да се увериме како навистина изгледа една бајка која сме ја замислувале кога сме биле деца. Малиот град со само 1000 жители е сместен во срцето на Австриските Алпи на брегот на истоименото езеро, во областа која од 1997 година е под заштита на УНЕСКО и годишно го посетуваат околу 800.000 туристи. Пред повеќе од десетина години кинески архитекти и градежници се приклучиле кон една обична група на туристи, го разгледале селото, го фотографирале и измериле од сите страни, и веднаш започнале да градат копија на истиот град во кинеската провинција Guangdong. За копијата да биде верна на оригиналот направиле и вештачко езеро, но сепак не успеале докрај да ја пренесат магијата окована во Австриските Алпи. Разгледот на градот се мери во минути во кои ќе забележите безброј детали кои ќе сакате да ги фотографирате... шарени куќи од чии дрвени тераси се спуштаат цвеќиња, сувенирници, тесни улички, шатки и лебеди кои го вознемируваат спокојот на алпските врвови кои се отсликуваат во езерото. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се упатуваме кон градот Салзбург. Местото во кое е роден Моцарт уште од 15.век ја започнува традицијата со организација на божиќен саем за подоцна, со текот на годините да прерасне во еден од најубавите во Европа. Единственото опкружување во срцето на стариот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО, шарените тезги и посебно дизајнираните светла што наликуваат на романтични звезди над небото го прават салзбуршкиот ”Christkindlmarkt” навистина необичен. Разгледување на градот со лиценциран туристички водич: Стариот плоштад и Плоштадот на Моцарт, Катедралата од 8. век, Манастирот Св.Петар од 7.век, Бискупската резиденција со прекрасната фонтана од 16.век... Слободно време за индивидуални прошетки низ многубројните тезги кои се распослани на плоштадот.  Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.

Четврти ден: 09.12.2024 година (понеделник) Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет кон Австрија. Организиран разглед на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува се` што историјата оставила во аманет. Клагенфурт е град за чие основање се раскажуваат легенди, град што ќе Ве одушеви со колоритните улици, а со градбите ќе Ве врати во времето на Марија Терезија и дворските балови. По организираниот разглед, слободно време за посета на божиќните штандови. Потоа продолжуваме кон Велден, малото градче во покраината Корушка кое во овој период од годината го нарекуваат Градот на Ангелите. Велден се наоѓа на брегот на Врбското Езеро во кое секоја година се поставува најголемата атракција-Божиќниот венец до кој се стигнува со бродот на Ангелите „Santa Lucia“. Дворецот Велден, традиционални дрвени колиби, опојни мириси од борови гранчиња и варено вино, ангелска пекара во која вредните Ангелчиња ги подготвуваат божиќните колачи, ангелска пошта, божиќни звуци кои се разлеваат од месните хорови... Безброј бели ангелски балони со писма постојано полетуваат кон темното ноќно небо следени од илјадници погледи полни со надеж дека наскоро ќе им се исполнат нивните скриени желби... Целиот град наликува на една голема осветлена сцена во која сите се дел од најубавата божиќна бајка која никого не остава рамнодушен. Во вечерните часови враќање во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.
 Петти ден: 10.12.2024 година (вторник) Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на бонус излет кон Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање со кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствениот природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова  кое  со својата атракција привлекува многу туристи (со доплата). Во пладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување  во раните утрински  часови во среда на 11.12.2024 година.

  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  389 евра (24.120 денари)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус

- Три ноќевања со појадок во хотелот Ramada Resort 4* во Крањска Гора

- Користење на базенот во хотелот

- Организирана посета на Клагенфурт и Велден со лиценциран туристички водич

- Организирана посета на Халштат и Салзбург со лиценциран туристички водич

- Организирана посета на Блед

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 - Користење на wellness центарот во хотелот

- Туристичка такса во хотелот во Крањска Гора – 10.5 евра за трите вечери-(се плаќа во агенцијата)

- Доплата за еднокреветна соба 80 евра

- Патничко осигурување

  

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници