НОВОГОДИШНИ ПАТУВАЊА
РИМ

4 ноќи, 5 дена

 

31. Декември (вторник) СКОПЈЕ – РИМ Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:50 часот. Лет за Рим W6 4757 во 16:50ч. Пристигнување во Рим во 18:40 часот. Трансфер до хотелот. Вечерта индивидуално дочек на Новата Година на некој од познатите плоштади во градот. Ноќевање.
01. Јануари (среда) РИМ -Панорамски разглед   Појадок. Пешачки панорамски разглед (превоз со метро): разгледот започнува кај триумфалната порта на цар Константин, покрај Колосеумот, по улицата Фиори Империали каде ќе се запознаете со Римскиот форум и историјата на Рим во времето на античкиот и царскиот период. Разгледот продолжува кон плоштадот Кампидољо каде што се наоѓа најпознатиот музеј во Рим, општината на градот и седиштето на градоначалникот, дизајниран од Микеланџело. Продолжуваме покрај плоштадот Венеција, каде се наоѓа гробницата на незнајниот јунак во олтарот дела Патриа и споменикот на Виторио Емануеле II. Прошетка по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Покрај познатите Шпански скали каде се наоѓа познатата фонтана дела Баркача од Бернини, разгледот завршува на плоштадот Пјаца дел Пополо, кој се наоѓа на северната порта на Аурелијанските ѕидини, во минатото низ порта Фламинија или Порта дел Пополо, патникот го имал првиот поглед кон Рим по пристигнувањето. Ноќевање.
02. Јануари (четврток) РИМ - ВАТИКАН – НАВОНА Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Ноќевање.
03. Јануари (петок) РИМ – ТИВОЛИ  Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба... Ноќевање..
04. Јануари (сабота) РИМ - (Римокатоличките базилики и гробот на Св.Кирил)  Појадок. Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралата Сан Џовани Латерано (поранешната претстолнина на Ватикан), базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи и една од најпозните скулптури на Микеланџело - Мојсије, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил, во долниот дел на црквата се наоѓаат едни од поважните археолошки ископини, каде ќе имате можност да видите оригинален пагански олтар од 1в.н.е... Враќање до хотел. Трансфер до аеродромот во Рим во 16:00ч. Лет за Скопје W6 4758 во 19:10ч. Пристигнување во Скопје во 20:50 часот.

Цена на аранжманот во ПРЕТПРОДАЖБА
Basic       
пакет со вклучен разглед                        559 € (34.658,00 мкд)
Superior  
пакет со вклучени 3 разгледи                 649 € (40.238,00 мкд)
Premium пакет со вклучени 4 разгледи                 699 € (43.338,00 мкд)
 
Цена на аранжманот:
Basic       пакет со вклучен панорамски разглед        599 € (37.138,00 мкд)
Superior  
пакет со вклучени 3 разгледи                    689 € (42.718,00 мкд)
Premium пакет со вклучени 4 разгледи                    739 € (45.818,00 мкд)

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ - ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ

BASIC

SUPERIOR

PREMIUM

Организиран пешачки панорамски разглед на Рим (со метро)

Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница и метро карта.

20€

Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница.

80€

Посета на Тиволи со јавен превоз, резервација, локален водич, слушалки и влезница во Вила Д'Есте.

60

60

   √-вклучено во пакет цената на аранжманот!

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.

- Сместување во хотел од групацијата gruppoalberghieroraeli.it, на база 4 ноќевања со појадок

- Панорамски разглед на градот Рим со локален водич

- Рачна торба торба (20x40x30cm), до 8кг.

- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Здравствено - патничко осигурување околу 220мкд
- Туристичка такса: хотел 3* - 6€; хотел 4* - 7,5€/ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
- Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
- Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
- Доплата за 1/1 соба – 170€
- Билети за превоз со метро 2€ по правец / 9.5€ дневен билет
- Влезници за културно-историските споменици
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Општи услови на патување