ЕСЕН 2021 – ЗЛАТИБОР
ВИП КАСА КЛУБ
 

Вип Каса Клуб во Златибор нуди сместување во модерно опремени апартмани со 4* во 5 сместувачки објекти кои се еден до друг. (Вила Јела, Вила Вина, Вила Пахулја, Вила Искра и Вила Харизма). Вкупниот број на апартмани со кој располага Вип Каса Клуб е 103 сместувачки единици. 

 

Ценовикот е валиден до 28.12.2021.

 Тип на соба

Vila Jela

Vila Pahulja

Vila Vina

Vila Iskra

Vila Harizma

Standard – Studio

/

73,00 €

73,00 €

73,00 €

73,00 €

Premium 
Едноспален апп (38/44 м₂ )

83,00

78,00 €

83,00

78,00 €

*83,00 €

*78,00 €

Lux – Двоспален апп

93,00 €

89,00 €

93,00 €

/

93,00 €

Цените се изразени по соба/апартман од ноќ. За резервација потребно е 50% аконтација од вкупната сума. 

 

Во цената не е вклучено:

Туристичка такса 1.2 евра за возрасен на ден, деца од 7 - 15 години 0.5 евра на ден.

Користење на Спа Центарот (базен, џакузи, сауна, парно купатило) - 8 евра по лице со претходна резервација на рецепција во временски период од 2 часа.

Доплата по желба:

Појадок - 7 евра по лице, деца од 4-12 години 3.5 евра на ден.

Ручек - 10 евра по лице, деца од 4-12 години 5 евра на ден.

Вечера - 10 евра по лице, деца од 4-12 5 евра на ден.

За деца до 4 години појадок, ручек и вечера бесплатно.

 

Стандард апартман - студио со површина од 27-33м2. Се состои од една просторија во која има гарнитура која се користи како кревет за спиење, кујна, купатило и тераса. Макс. сместување 2 возрасни.

Премиум апартман - апартман со површина од 38-44м2. Се состои од една спална соба со француски лежај и дневен престој во кој се наоѓа и гарнитура која може да се користи како дополнителен кревет, кујна, купатило и тераса. Макс. сместување 3 возрасни или 2 возрасни и 2 деца до 12 години.

Лукс апартман - апартман со површина од 48 - 58м2. Се состои од две спални соби со француски лежај, дневен престој во кој се наоѓа и гарнитура која може да се користи како дополнителен кревет, кујна, купатило и тераса. Макс. сметување 4 возрасни и 1 дете до 12 години.

 

Во вила Јела се наоѓа Спа и Велнес Центар со следни содржини: затворен базен долг 20м. со 2 џакузи, финска и био сауна, парно купатило и теретана.

Во вила Вина се наоѓа Вински Клуб Casa de Vinos со ресторан. Гостите можат да ги користат пансионските услуги или А Ла Карт рестораните со дегустација на врвни вина со 20% попуст.

Во вила Харизма се наоѓаат салите за состанок и главната рецепција.

Во вила Искра се наоѓаат простории за Велнес третмани и масажи.

Во вила Пахулја нема дополнителни содржини освен апартмани.

Сите 5 објекти се оддалечени еден од друг до 50м. и заедно го сочинуваат комплексот Вип Каса Клуб.