ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Д У Б А И
22 – 27 Октомври

22.Октомври (Вторник)    СКОПЈЕ – ДУБАИ   Состанок на групата на Меѓународен аеродром Скопје, во 18:20 часот. Лет преку Истанбул во 20:20 часот. Слетување во Истанбул во 23:00 часот, локално време. Полетување за Дубаи после полноќ во 00:50ч.

23.Октомври (Среда)   ДУБАИ  Пристигнување во Дубаи во 05:55ч. По завршување на пасошките и царинските формалности, следи организиран трансфер до хотел. Полудневен разглед на Дубаи со лиценциран водич. Посета на првиот изграден вештачки остров во светот во форма на палма и панорамски разглед на хотелот Атлантис, посета на најпознатата плажа Џумеира на која се наоѓа хотелот-чудо на модерната архитектура, Burj Al Arab. Eдинствена можност да уживате во луксузот на единствениот хотел со 7* во светот. Доплата за влезница (25$) The View at the Palm за тие кои сакаат да ја доживеат панорамата на Дубаи (Од Островот Палма до највискоата зграда Бурџ Калифа). Сместување во хотел. Вечерта факултативно, можност за крстарење со брод со вклучена вечера и забавна програма со музика и танци. Крстарењето трае 2ч 30мин.

24.Октомври (Четврток)   ДУБАИ стариот дел + Burj Khalifa + Dubai Mall (Шоу на фонтаните) Појадок. Факултативна посета на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот. Полудневен разглед на стариот дел на Дубаи кој ја задржал автентичната архитектура. Разгледот продолжува со прошетка низ заливот со традиционални бротчиња наречени Абри кои ќе ве однесат до традиционалниот пазар на зачини и злато, наречен Сук, Dubai Gold Souk, преку кој Дубаи се идентификува во “City of Gold”…Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во попладневните часови разгледот продолжува во еден од најпознатите и најголемите центри во Дубаи: Dubai Mall, каде ќе имате ретка можност да присуствувате на шоуто на највисоката фонтана во светот. Волшебната музика и светлосниот спектакл, заедно со млазовите вода кои достигнуваат должина еквивалентно на повеќе од две фудбалски игралишта - Фонтаната Дубаи која се наоѓа на езерото Бурџ од 30 хектари дефинитивно не треба да се пропушти. Враќање во хотел. Ноќевање.

25.Октомври (Петок)    ДУБАИ – АБУ ДАБИ   Појадок.
Слободен ден за индивидуални прошетки. Предлагаме факултативна посета на најголемиот Емират – Абу Даби. Посета на една од најголемите и најскапите џамии во светот Sheikh Zayed Mosque која може да прими преку 40.000 верници во исто време и во неа може да го видите најголемиот рачно изработен тепих во светот. Потоа посета на резиденцијалната зона на градот, Heritage Village (Музеј на наследството) – комплекс во кој на едно место може да се види се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локалните обичаи. Разгледот продолжува Marina Mall-от или трговскиот центар на најбогатите, Претседателската Палата, Емирати Палатата..(Qasr Al Watan) и Ферари центарот на Yas Island во чија близина е една од најпознатите Формула 1 ноќни стази. Враќање во Дубаи во доцните попладневни часови. Ноќевање.

26.Октомври (Сабота)   ДУБАИ (САФАРИ)  Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативно – Пустинско Сафари – Волшебно доживување на пустината со вклучена вечера. Заминување во попладневните часови кон пустината со џипови. Возбудливо возење низ дините кои како песочно море се протегаат во бескрај. Пристигнување во кампот, изграден во срцето на пустината каде ќе имате можност да уживате во прекрасното зајдисонце, да јавате камили и да ги вкусите традиционалните Арапски јадења и свежо подготвената скара. Вечерата ќе ви ја развесели прекрасна танчерка која понесена од звуците на ориентот ќе ве однесе директно во приказните од 1001 ноќ… Враќање во хотелот. Ноќевање.

27.Октомври (Недела)   ДУБАИ – СКОПЈЕ   Појадок. Трансфер до аеродром во Дубаи. Полетување од Дубаи во 14:50 часот, лет преку Истанбул, слетување во Скопје во 19:55 часот.

Цена на аранжманот во претпродажба:       879 € (54.498,00 мкд)
Редовна цена на аранжманот:                       929 € (57.598,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Дубаи - Истанбул - Скопје
- Трансфери во Дубаи: аеродром - хотел – аеродром
- 4 ноќевања со појадок во хотел Asma Al Barsha 4*
- Полудневен разглед на новиот дел на Дубаи со лиценциран локален водич на македонски јазик.
- Целодневен разглед на стариот дел на Дубаи и Дубаи Малл со лиценциран локален водич на македонски јазик.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Аеродромски такси

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Трошоци за вадење на Виза за ОАE – 90€ (потребен скениран пасош, скенирана фотографија, професија на патниците, име/презиме на родители. Валидност на пасош најмалку 6 месеци од датумот на враќањето) доставување на документација најдоцна 10 дена пред поаѓање.
- Вечерно крстарење со вечера на брод (75€)
- Посета на Бурџ Калифа (водич, превоз и влезница 65€)
- Целодневен излет во Абу Даби (65€)
- Пустинско сафари со вклучена вечера (60€)
- Патничко здравствено осугурување 310 мкд
- Туристичка такса 4-6 $ (се плаќа на рецепција во хотел, по соба од ноќевање)

Напомени:
- За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници.
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ