ЛЕТО 2027 – ГРЦИЈА
Хотел АКРОПОЛИС – Фурка
https://maps.app.goo.gl/eocekjDuvsm8JxPYA 

39.988048236459555, 23.379960153449144


 Хотел-Акрополис 3* се наоѓа во Фурка, на околу 250 м. од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион. Хотелот има и сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна конзумација во барот. Хотелот се наоѓа на локација каде имате прекрасен панорамски поглед на цела долина и море заради својата поставеност над заливот на Фурка. Центарот на градот е оддалечен околу 600 метри од хотелот, а тоа е и оддалеченост од ресторани, кафулиња и продавници. Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Тоа е одличен избор за уживање во зајдисонце. Во понуда се два вида сместувачки единици кои се наоѓаат на приземје, на прв или втор кат.
Студиото може да прими најмногу три возрасни и дете и располага со брачен и единечен кревет, чајна кујна и бања.
Апартманите за четири лица, со две спални соби, се состојат од  кујна, две спални соби и бања. Едната спална соба има брачен кревет, додека другата соба има два единечни кревети.
 Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор со рамен екран, како и кујна, стандарден фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со седење. Собите имаат поглед на море, базенот или градината.
 Во украсениот двор на гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа има хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори заедно со нарачани пијалоци или храна. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Во ова сместување НЕ се дозволени домашни миленици. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите. Хотелот  Акрополис е одличен избор за сите кои сакаат хотелско сместување со базен во близина на плажа. Сместувачките единици се добро опремени, и  секогаш уредни и добро одржувани.
 
 Распоред на соби:
 
БЛОК А
 1 спрат –  А12 1/4 studio DBL+2SGL
 1 спрат –  А13 1/4 duplex DBL + SGL
 

БЛОК Б
 2 спрат –  Б22 1/4 duplex DBL+2SGL
 

БЛОК C
 приземје C4 1/3 studio DBL+SGL
 приземје C5 1/4 duplex DBL+2SGL
 1 спрат  C10 1/3 studio DBL+SGL
 1 спрат  C11 1/4 duplex DBL+2 SGL
 2 спрат C14 1/3 studio DBL+SGL
 2 спрат C15 1/3 studio DBL+SGL
 2 спрат C16 1/4 duplex DBL+SGL

 

Попусти за рана уплата : -20% до 30/11/2026   -15% до 31/12/2026   -10% 28/02/2027

За запазување на попустот, потребна уплата од 40%, а остатокот најдоцна 14 дена пред термин

Апартхотел Акрополис 3* Фурка

1/2 студио

1/3 студио

1/4 студио

1/4 апартман

Напомена

Термин/Услуга

наем

наем

наем

наем


22.05-29.05.2027

229

249

269

289


29.05-05.06.2027

269

289

309

329


05.06-12.06.2027

299

319

349

369


12.06-19.06.2027

329

349

369

389


19.06.-26.06.2027

369

399

429

449

задолжителен појадок

26.06.-03.07.2027

429

469

499

529

задолжителен појадок

03.07.-10.07.2027

489

499

529

559

задолжителен појадок

10.07.-17.07.2027

569

589

649

669

задолжителен појадок

17.07.-24.07.2027

649

679

699

749

задолжителен појадок

24.07.-31.07.2027

649

679

699

749

задолжителен појадок

31.07-07.08.2027

649

679

699

749

задолжителен појадок

07.08-14.08.2027

649

679

699

749

задолжителен појадок

14.08.-21.08.2027

649

679

699

749

задолжителен појадок

21.08-28.08.2027

629

659

679

729

задолжителен појадок

28.08-04.09.2027

549

579

599

629


04.09-11.09.2027

429

449

469

499


11.09-18.09.2027

339

359

379

399


18.09-25.09.2027

229

249

269

289


Цените се дадени за наем на СТУДИО/АПП за 7 ноќи, во Еур и задолжителна доплата за појадок.

Гостите имаат на располагање базен бесплатно, како и лежалки и чадори на базен.

Хотелот им нуди на гостите лежалки и чадори на плажа со нарачка на кафе или пијалок од својот Akropolis beach bar со музика и одлична услуга.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА за појадок по цена од 10 Еур по лице/ден во Јуни, Јули и Август. 

Деца 0-06 год. ГРАТИС. 

Термините во Јуни и Септември не подлежат на задолжителна уплата за појадок.

Можност за доплата за вечера 10 еур/лице/ден по избор. Информации и резервации во агенција.

Попуст за два последователни термини 7%. Попустите не може да се комбинирааат.

На плажата оддалечена 250м од хотелот има можност за поставување и на свои лежалки по желба.

Автобуски превоз 45 Еур возрасни Битола, Прилеп, 50 Еур Скопје, Велес, Кавадарци.

Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена.

За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 40%, а остатокот најдоцна 14 дена пред термин.