ИСТАНБУЛ во Декември

06.12.2024 09.12.2024 | 3 ноќи - 4 дена | Лет од Скопје

Авионска програма



Авионски лет:

PEGASUS AIRLINES (Скопје Истанбул - Скопје)

Поаѓање:

06.12.2024 во 10:00ч. (Скопје)

Пристигнување:

06.12.2024 во 13:30ч (Истанбул)

Услуга:

3 ноќевања 3BB

Сместување  (услуга)

3 ноќи во хотел 4* (Ноќевање со појадок)

Друго вклучено:

Трансфери + претставник од Македонија + панорамски разглед на градот

Враќање во Скопје:

09.12.2024 во 15:40ч.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

 

1  ден. ( 06.12.2024 ПЕТОК ) СКОПЈЕ ИСТАНБУЛ  Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 08:00 часот. Лет за Истанбул во 10:00 часот со авиокомпанијата Pegasus Airlines. Пристигнување во Истанбул во 13:30 часот по локално време, организиран трансфер до хотел, превземање на собите според хотелските правила. Слободно попладне за индивидуални активности, предлог – поаѓање со јавен или организиран превоз до плоштадот Таксим, прошетка по познатата и енергична улица Istiklal Cadesi, каде што се наоѓаат многубројните ресторани, продавници и барови, посета на Галата Кула, слободно време за шопинг или релаксирање со турско кафе, чај и локум. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

2  ден ( 07.12.2024 САБОТА ) ИСТАНБУЛ  Појадок. Панорамски разглед на градот со локален водич, посета на една од најзначајните симболи на Христијанството, Вселенската Патријаршија - центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст. Прошетка и слободно време по живописната и шарена населба Балат. Се упатуваме на популарното крстарење по Босфор, со панорамски разглед на двете страни на каналот, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. Факултативна посета на најубавата Султанска Палата, Долмабахче Палатата градена во Европски стил во 19 век која била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската држава, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативен излет Истанбулски Сафир – облакодер ( Sapphire Seyir Terasi ) со висина од над 238м од каде што има прекрасна глетка кон градот. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3  ден ( 08.12.2023 НЕДЕЛА ) ИСТАНБУЛ  Појадок. Истанбул е град со огромен број на знаменитости и места кои треба да се видат и доживеат. Факултативна пешачка тура каде ќе имате можност да се запознаете со најзначајните знаменитости на Истанбул, посета на Џамија Султан Ахмед, наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствената Џамија со 6 минариња, посета на Хиподромот кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото. Надворешен разглед на Аја Софија – црква, џамија, музеј и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустиниан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата ја претворил во Џамија, а Кемал Ататурк во 1936 год од Аја Софија направил музеј. Од Јули 2020 година повторно се користи како Џамија. Посета на Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата заедно со харем и црквата Aja Ирини музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела каде што е изложен мечот на пророкот Мухамед. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величенствениот. Враќање во хотел или предлог разглед и шопинг во Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи.  ПРЕДЛОГ ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ Ноќно крстарење по Босфор ТУРСКА ВЕЧЕР НА БРОД ! Целовечерно крстарење по Босфор, под спектакуларните мостови кои што ја поврзуваат Европа со Азија, проследено со целовечерна забава, музика и шоу, со неограничени пијалоци и вкусни турски специјалитети.

4  ден ( 09.12.2023 ПОНЕДЕЛНИК ) ИСТАНБУЛ СКОПЈЕ  Појадок и одјавување од хотел согласно хотелските правила. Групата се упатува кон познатиот и еден од најголемите трговски центри Emaar Square Истанбул во азискиот дел на Истанбул, кој е богат со многу бутици, продавници и аутлети од најпознатите брендови. Слободно време за шопинг и индивидуални активности. Трансфер кон аеродромот. Лет за Скопје во 16:10 часот по локално време. Пристигнување во Скопје во 15:40 часот по локално време.

 

ИСТАНБУЛ - ДЕКЕМВРИ 2024 АВИОНСКА ПРОГРАМА

ХОТЕЛ 4*

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

06.12– 09.12.2024

ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ

06.12– 09.12.2024

УСЛУГИ

3BB

НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ

3 ноќи / 4 дена

Цена по лице во двокреветна соба

495 / 30.690 мкд

1 Early Booking цена по лице за резервации до 31.10.2024

445 / 27.590 мкд

2 Early Booking цена по лице за резервации во период 01.11 15.11.2024

465 / 28.830 мкд

Доплата за еднокреветна соба

80 / 4.960 мкд


Во цената е вклучено:

·       Авионски превоз на релација Скопје Истанбул Скопје со Pegasus Airlines

·       Аеродромски такси, рачен и чекиран багаж (до 20 кг).

·       Сместување и 3 ноќевања со појадок во хотел со 4* во историскиот централен дел на Истанбул.

·       Панорамски разглед со превоз и локален водич Вселенска Патријаршија и Балат + дневно Крстарење по Босфор.

·       Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

·       Прошетки со придружник на групата.

·       Организирани трансфери во Истанбул: аеродром - хотел аеродром ( со попатен стоп во EMAAR SQUARE MALL)

Во цената не е вклучено:

·       Патничко здравствено осигурување

·       Дополнителни оброци и пијалоци

·       Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).

·       Факултативни посети, излети и влезници

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

·       Влезница за Долмабахче Палата 45

·       Влезница за Sapphire Seyir Terasi 30

·       Султанахмет пешачка тура (Аја Софија надворешен разглед, Сина Џамија, Хиподром) Топкапи Палата, Црква Аја Ирини и Харем, Капали Чаршија со вклучени влезници и локален водич 75 € , без влезница за Топкапи Палата – 35 €

·       Ноќно крстарење Турска вечер (традиционални танци, стомачни танци, забавен дел, вклучен трансфер до хотел) 50 со неограничени безалкохолни пијалоци; 60 со неограничени алкохолни пијалоци.

ПАКЕТ факултативи: 195

 

Забелешки:

·       За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 15 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.

·       Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.

·       За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.

·       Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.

·       Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.

·       Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

За оваа програма важат Општите Услови на Патување на oрганизаторот