ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
ПАРИЗ –ВЕРСАЈ ДИЗНИЛЕНД  

03 Мај - 07 Мај 2024

Распослан на бреговите од реката Сена која го дели на два дела, овој преубав град познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ќе го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен

1 ден – 03 Мај 2024 (Петок) Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.50 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:45 ч од Скопје. Слетување во Париз во 11:05 ч.

Организиран трансфер со автобус  до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед: Елисејските Полиња, Триумфалната Капија, Конкорд, Црквата Мадлена, Операта Гарние, Лувр, Нотр Дам, Ајфелова Кула...Сместување во хотел. Слободно време за ручек и неколку часовен одмор.  Во 19 часот организирана прошетка по Елисејските Полиња и  крстарење со брод по Сена (факултативно). Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
2 ден – 04 Мај 2024 (Сабота) Појадок. Организирана (факултативна) посета на Версај -патување со воз. Поаѓање од хотел во
дополнително договорено време.  Се посетува дворецот и парковите со предходна резервација. Слободно време за ручек во Версај. Враќање во Париз. Попладне организирана прошетка  низ  Латинскиот кварт. Посета на Богородичната црква (однадвор), прошетки во квартот : Сорбона , булеварот Сен Мишел, Луксембуршките градини, црквата Saint Chapelle. Во вечерните часови организирана прошетка до  Ајфелова кула (со метро), индивидуална посета на Кулата. Заедничка вечера (факултативна) во ресторан на Трокадеро. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден –
05 Мај 2024 (Недела ) Појадок. Во 08.00 часот организирана прошетка до Лувр (со метро). Разглед на парковите Тујлери , малата Триумфална Капија и Пирамидата пред  Лувр. Слободно време за  влез во Лувр (индивидуално, влезници предходно резервирани (on –line). Посетата е предвидена не подолго од час и половина. Слободно време за ручек. Во попладневните часови  Факултативна посета на  Мон Мартр (со метро). Слободно време и прошетка во квартот на уметниците и посета на катедралата Светото Срце. Заеднички прошетки по најстарите делови од квартот користејќи ги  200- те скалила за слегување надолу  од каде што се прават најубавите фотографии. Слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж. Слободно време за факултативна вечера во некој ресторан на Пигал. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

4 ден – 06 Мај 2024 (Понеделник) Појадок. Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк за возрасни и деца – Дизниленд (влезниците  предходно купени on-line). Се патува со брзиот воз RER (инструкции од пратител на група) .За патниците кои остануваат во Париз организирани  прошетки по мостовите на Сена, плоштадите, парковите, Општината, Бастиља, центарот Помпиду,  за љубителите на кабареа можност за организирана вечерна посета на Мулен Руж или Крејзи Хорс (факултативно). Ноќевање.

5 ден – 07 Мај 2024 (Вторник) Појадок.  Можност  собите  да се напуштат после 11 часот, багажот се остава на рецепција. Во 08.30 часот  организирана заедничка посета на плоштадот Конкорд и Вандом каде што се наоѓа и хотелот Риц. Прошетката продолжува кон Операта Гарние, се гледа од надвор , Галеријата Лафајет , која нуди бесплатна преубава  панорамска глетка  од шестиот кат. Организирана посета на Музејот Фрагонар, разглед со водич со можност да се купат оригинални парфеми по пониски цени. Враќање во хотел со метро. Организиран превоз до аеродром од хотелот во 14:30 часот. Полетување за Загреб во 18:30 ч. Слетување во Скопје во 23:40 ч.

ЦЕНА 735 еур (45.570 денари)

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

·    Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со Croatia Airlines

·    Аеродромски такси

·    Бесплатен багаж 20 кг

·    4 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis La Defence https://all.accor.com/hotel/0771/index.en.shtml

·    Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно

·    Организиран панорамски разглед на градот со автобус

·    Организирани пешачки разгледи  на градот со пратител на група: Ла Дефанс , Елисејските Полиња, Триумфална Капија, плоштадот Конкорд,, Музејот Лувр однадвор и Паркот Тујлери, плоштадот Вандом, Операта Гарние однадвор, Галеријата Лафајет (со влез) , Фрагонард музејот (со влез), Латинскиот Кварт и Нотр Дам однадвор, Сорбона, Пантеон , Луксембуршките градини, Ајфеловата Кула, Трокадеро

·    Организација на патувањето и придружник од агенцијата за целиот престој во Париз

Во цената не се вклучени следниве услуги:

·    Превозот со метро и автобус во Париз (цена околу 18,90 еур, картичка Navigo за 10 возења)

·    Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот спрат 18.80 еур до врвот 29,40 еур)за лица со возраст од 12 до 24 год. , 50 % поевтино

·    Посета на Лувр 22+ 3 еур влезница (се купува  On Line билет )

·    Посета на Версај - 75 еур ( резервација +влезница + водич), за лица до 18 год.  45 еур (се патува со воз вклучено во цената) не е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место, чини околу 13 еур

·    Влезница за брод по Сена 20 еур (се патува со метро и пратител)

·    Посета на Мон Мартр , црквата Свето Срце, Плоштадот на сликарите , Пигал и Мулен Руж однадвор -15 еур по лице

·    Влезници : Операта Гарние 15 еур, музејот Орсеј  16 еур, црквата Saint Chapelle 13 еур, (влезниците се купуваат on-line)

·    Посета на Мулен Руж со представа (цена од 100-150 еур со пијалок ½ шампањ) , Крејзи Хорс ( 80-100 еур)

·    Посета на Дизниленд влезниците се купуваат on-line ( цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива, RER  10 еур

·    Вечера или ручек во ресторан од 20 еур без пијалок- дневно мени

·    Задолжително здравствено и патничко осигурување 180 мкд.

Боравишна такса 9 еур по лице – се плаќа кај представникот на групата

Општи услови:

·         Плаќањето е задолжително во денари (1 еур =62 мкд)

·         За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето

·         Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување

·         За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување

·         За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници

·         Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите можно е да претрпат промена ,не се загарантирани и редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени во зависност од временските услови или договор со патниците

·         За овој аранжман важат општите услови на патување на организаторот.

НАПОМЕНА: Сите влезници се купуваат, пред да започне патувањето,  во предходна консултација  со одговорното лице(водичот) ,во спротивно не можеме да гарантираме слободни места