МИЛАНО  - градот на високата мода

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

 

29 Јануари (недела)  СКОПЈЕ – МИЛАНО  Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 17.00 часот. Авионот за Милано полетува во 19.00, слетува во 21.10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување. Ноќевање.

30 Јануари (понеделник) МИЛАНО Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови.  Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад - октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија - Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Слободно време за кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети... Ноќевање.

31 Јануари (вторник)  МИЛАНО– ЛУГАНО – КОМО        Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. “Швајцарско Монте Карло” назив кој го добил по развиеното банкарство и богата понудата за забава. Прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува во посета на  живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, каде светскиот џет сет има свои вили, а филмските режисери ги направиле своите најдобри филмски остварувања, како што е Џејмс Бонд - Казино Ројал. Враќање во Милано.... Ноќевање.

01 Февруари (среда) МИЛАНО – СКОПЈЕ  Појадок. Слободно време за уживање во Милано, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Посветете малку време и на шопинг во центарот на модата, бидете дел од модната култура. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот Малпенса. Авионот полетува во 21.10, а пристигнувањето во Скопје е во 23.10 часот.

За уплата до 15.12: 399 евра   (24.740 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 евра   (28.460 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ü  Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје

ü  Аеродромски такси

ü  Рачен багаж (1 торба/куфер до 10кг со димензии 40х30х20см)

ü  Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Милано

ü  Сместување во IBIS MILANO CA’ GRANDA  во Милано на база 3 ноќи со појадок  за двокеветните соби

ü  Сместување во NOVOTEL MILANO CA’ GRANDA  во Милано на база 3 ноќи со појадок  за трокреветните соби

ü  Организиран разглед и прошетки во Милано според програмата

ü  Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø  Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг  - 2.300 мкд/ чекиран багаж - куфер до 20кг  - 2.800 мкд *( цената е променлива, инфо во агенција при резервација)

Ø  Посета на Лугано и Комо 80 евра

Ø  Туристичка такса  930 мкд  (се плаќа во агенција )

Ø  Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Ø  Патничко – здравствено осигурување

Ø  Доплата за еднокреветна соба 6.500 мкд

Напомена:  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.  За оваа програма важат Опшите Услови на патување. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

Начини на плаќање:  Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 мкд.  При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплаќа на 7дена пред поаѓање.  Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.