КАПАДОКИЈА ВО ЈУНИ

Авионска програма со 3 ноќевања



1 ден 09.06.2022  Скопје – Истанбул – Кајсери           Состанок на групата на аеродром Skopje International во 06:00 ч. Лет до Истанбул во 08:40, слетување во 11:15 локално. Летот за Кајсери е во 12:55 а слетувањето во 14:15 ч.локално време. Трансфер (во времетраење од околу 1 час) од аеродром до хотел. Сместување во хотел со 4*. Слободно време до вечера. За ова попладне ви предлагаме да го погледнете шоуто ,,Танц на Дервишите . Вечера во хотел. Ноќевање.
2 ден 10.06.2022    Појадок во хотел. Факултативен излет RED TOUR: заминување на разглед на регионот Кападокија -  вулканска област во која геолошката формација започнала пред 10 милиони години. Прекрасната ,,земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Пауза за ручек (пијалокот не е вклучен). Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi т.е. Долината на Монасите, со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината -  Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ке се види нивната изработка Вечерта враќање во хотел. Вечера и ноќевање.

3 ден 11.06.2022  Појадок во хотелот. Факултативен излет GREEN TOUR: заминување кон подземниот град Кајмакли, еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, изграден под ридот познат како Цитаделата Кајмакли и отворен за посетители во 1964 година. Тунелите одат во длабочина до 40 метри во 8 ката а 4 од нив се отворени за посетители. Потоа следува посета на долината Илара -  кањон долг 16 км чии две страни се  наредени со карпести цркви. Овој поход трае околу 2,5 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек (пијалокот не е вклучен) во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар . По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме – најнеочекуваното изненадување на оваа тура, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Вечера и ноќевање.

4 ден 12.06.2022   Појадок  и одјавување од собите. Багажот се остава во хотелот во простор за багаж. Овој ден ке го посветиме на малото симпатично место Ѓореме и на  кападокиското зајдисонце ! Ви предлагаме да ги доживеете на повеќе начини: да ги откриете најубавите видиковци над Ѓореме, да јавате коњи, да возите четирицикл (quad bike), џип сафари, да направите фото тура или за најхрабрите – параглајдерство во тандем. Слободно време да ја доживеете околината како што сами ќе посакате сé до времето за трансфер (околу 19:00 ч.) Трансфер до аеродром во Кајсери. Авионот полетува во 23:50 ч. локално време. Слетување во Скопје во 07:50 ч. на 13.06.22 со меѓуслетување во Истанбул.



ЦЕНА ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.04.22 389 € (24.200 денари)
Редовна цена на аранжманот 489 € (30.320 денари)


Во цената се вклучени следниве услуги

-          Авио билет на релација Скопје-Истанбул-Кајсери-Истанбул-Скопје

-          Аеродромски такси

-          3 ноќи во хотел со 4* на база појадок и вечера

-          Багаж од 20 кг по лице како и рачен багаж до 8 кг

-          Трансфер од аеродром во Кајсери до хотел и назад

-          Професионален локален водич и претставник од агенција

Во цената не се вклучени следниве услуги:

-          RED TOUR Црвена тура (превоз, влезници, ручек, водич, турата е целосно опишана погоре во програмата, 2-ри ден) 55 еур.

-          GREEN TOUR Зелена тура (превоз, влезници, ручек, водич, турата е целосно опишана погоре во програмата, 3-ти ден) 55 еур

-          Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)

-          индивидуални трошоци

НАПОМЕНА: калкулацијата е правена на минимум пријавени 20 патници. Во случај на помал број патници цената на аранжманот подлежи на промена.

ОПИС И ЦЕНИ НА ДРУГИ ДОЛНИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

Тура со џип – овој излет може да се реализира на изгрејсонце, на зајдисонце или во текот на целиот ден во траење од 2 часа. Ќе се видат Долината на Љубовта со чудните самовилски оџаци, тврдината Ортахисар познат како „највисокиот самовилски оџак’’, долината Узенги со своите минерални извори и познато пикник место за локалците, ќе се застане за одредена панорамска точка за фотографирање. Цена 25 еур по лице (минимум 4 пријавени лица во еден џип)
Танцот на Дервишите или Сема
– ова е религиозна церемонија инспирирана од познатиот турски мистик, мудрец и поет Селаледин Мухамед со прекар Мевлана и Руми (Мевлана – со значење “наш господар“ а Руми – со значење земјата Рум
-Анадолија,). Мистичното патување Сема е асоцијација на совршенството, зрелоста и љубовта кон сите вери, раси и нации. Шоуто трае околу 45 минути и не вклучува никаква консумација на пијалок и храна (религиозни причини) Цена
Лет со балон над Кападокија – уникатно, незаборавно доживување, кулминација на целата екскурзија, ке го доживеете изгрејсонцето над Кападокија од 600-800 м.височина. Екскурзијата започнува со трансфер од хотелот до местото на полетување околу 06:00 часот, лесна утринска закуска со чај и кафе додека балоните се надувуваат, лет од еден час во корпи со средна големина а по слетувањето следува церемонија со шампањ. Секој патник добива персонализиран сертификат како личен сувенир. Реализацијата на оваа факултативна екскурзија се договара на лице место бидејки зависи од временските услови и брзината на ветровите, истата ке биде предложена уште следното утро од престојот. Цена 150
Турска бања, хамам или амам  – еден од најраспространетите древни обичаи во светот. Оваа традиција отоманските Турци ја присвоиле од Римјаните и Византијците и ја усовршиле на свој начин. Топло ја препорачуваме оваа факултатива бидејќи ке ве опушти и релаксира после напорниот ден. Во Кападокија има традиционални и модерни амами а нашата понуда вклучува уникатно доживување во карпест амам, со сауна, парна бања, пилинг и пена масажа, и базен – уживањето трае приближно 60 минути.  Цена  
Турск
a вечер – во автентичен и уникатен ресторан во карпа, со фолклорни танци, стомачни танци, турска музика и анимација, вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци, мезе и вечера. Цена