ОСМОМАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕВЕРОТ ОД БАЧКА И УНГАРИЈА

(Суботица-Сегедин-Паличко Езеро)

 Вклучена забава во ресторан со музика во живо и вечера со неограничен пијалок

(07.03.2024 – 10.03.2024)

Прв ден: 07.03.2024 (четврток)  Заминување на групата во 23:45 часот од Скопје кон Војводина со туристички автобус преку граничниот премин Табановце. Попатни одмори.

Втор ден: 08.03.2024 (петок)  Пристигнување во претпладневните часови во Суботица, градот кој извесно време бил под Австро-унгарска власт што имало најголемо влијание врз стилот на градбите. Во центарот на градот доминира Градската куќа како најголема атракција и Народниот театар. Една од најрепрезентативните градби во барок стил е катедралата градена кон крајот на XVIII век, а најубав пример за градба во стилот на сецесијата е Рајхловата Палата, некогашна семејна куќа на архитектот Ференц Рајхл. Организиран разглед на градот со локален туристички водич. Потоа сместување на групата во Хотел Patria 4* во центарот на градот (https://www.hotelpatria.rs/). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки. Во вечерните часови заминуваме во ресторан на организирана забава со музика во живо и вечера со неограничен пијалок.  Враќање во хотелот. Ноќевање.

Трети ден: 09.03.2024 (сабота) Појадок. Целодневен излет во соседна Унгарија и посета на еден од најубавите градови - Сегедин кој со право го нарекуваат мала Виена. Градот е познат по својата преубава архитектура; за време на разгледот ќе го видиме Музејот на познатиот писател Ferenc Mora, остатоците од Сегединскиот дворец, хотелот Tisa-некогашно место каде се собирала Сегединската елита, Плоштадот посветен на грофот Istvan Secenјij во кој се наоѓаат некои од најубавите промероци на унгарскарта сецесија, плоштадот Dugonjic на кој е изграден Сегединскиот универзитет, Катедралната Црква и Плоштадот. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Во попладневните часови враќање назад во хотелот во Суботица. Ноќевање.

Четврти ден: 10.03.2024 (недела) Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон најголемото природно езеро во Војводина, езерото Палиќ за кое постојат записи уште во XV век. Три века подоцна започнале испитувањата за лековитоста на водата и тоа бил почетокот на изградбата на бањата која и денес постои. Предвидена е прошетка покрај езерото и околината со локален туристички водич: Разглед на малата гостилница, големата тераса, големиот парк, Музичкиот павиљон, Спомен чешмата, Споменикот на Лајош Вермеш, плажата... Потоа заминуваме кон зеленото море на лозовите плантажи на  винаријата  Звонко Богдан. Слободно време за индивидуално разгледување. Во договореното време заминуваме кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ   199 евра (12.340 денари)

  

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 - Превоз со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок во хотел Patria 4* во Суботица

- Забава во ресторан со музика во живо и вечера со неограничен пијалок

- Организиран разглед на Суботица

- Посета и организиран разглед на градот Сегедин во Унгарија

- Организирана посета на Паличко Езеро и винаријата Звонко Богдан

- Локален туристички водич за време на сите разгледи

- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 - Туристичка такса  (се плаќа во агенцијата) – 1,1 евро по лице од вечер

- Патничко осигурување

             

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници