ЛЕТО НА ЈАДРАНСКО МОРЕ
БУДВА 2022
Будва, бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот ( Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан...) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам. Будва нуди илјада можности, на Вас останува да одберете.

10 дена / 9 ноќевања + автобуски превоз

 

ТЕРМИНИ

ПРИВАТНО СМЕСТУВАЊЕ

I  категорија

II  категорија

19.06. – 28.06.2022

119 €

99 €

28.06. – 07.07.2022

139 €

119 €

07.07. – 16.07.2022

165 €

139 €

16.07. – 25.07.2022

185 €

159 €

25.07. – 03.08.2022

189 €

165 €

03.08. – 12.08.2022

189 €

165 €

12.08. – 21.08.2022

175 €

149 €

21.08. – 30.08.2022

149 €

129 €

30.08. – 08.09.2022

119 €

99 €

 

Поаѓањето е ден однапред од дадените термини: 18.06., 27.06., 06.07....од Скопје во 23.30 часот ( Прилеп 20.30ч, Кавадарци 21.30ч, Неготино 21.45ч, Штип 21.15ч, Велес 22.15ч )

Цените се изразени во евра по патник со вклучен автобуски превоз;

Туристичката такса не е вклучена во цената и изнесува 1 € по патник дневно (за деца 2-12 год. 0,5 €)

Деца од 2-12 год. со сопствен кревет 30% попуст;

Деца од 2-12 год без сопствен кревет 50 % попуст;

I  категорија е соба со сопствено купатило;

II категорија две соби делат едно купатило;

Доплата за еднокреветна соба е 70% од дадената цена за сместување;

Аранжманот вклучува приватно сместување во зависност од одбраната категорија во двокреветни и трокреветни соби на база 9 ноќевања и автобуски превоз;

Вилите се оддалечени 300 – 400 метри од Словенска плажа;

ПАКЕТ ВО РЕСТОРАН: 9 ПОЛУПАНСИОНИ (ПОЈАДОК / ВЕЧЕРА) ЦЕНА: 79 € (деца од 2-12 год. 40€)

Рестораните се наоѓаат во круг од 50 – 100 метри од сместувањето;

За патување со сопствен превоз се одбива 10 евра по патник

Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.