ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

(БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ НА ХАЛИД БЕШЛИЌ)

(15.02.2024 – 18.02.2024)

 

„Ако си човек-биди љубов, ако си цвет-биди мимоза“ рекол познатиот француски романсиер Виктор Иго. Што е тоа толку волшебно и опојно во овој цвет кон кој никој никогаш не останал рамнодушен?

Ќе дознаете овде, во Херцег Нови, во градот чиј заштитен знак е токму овој егзотичен цвет...Мимозата е асоцијација на градот, традиција, имиџ и стил на живот, исто како што се и Херцегновските мажоретки  заедно со градската музика...

  

Прв ден: 15.02.2024 (четврток) Заминување на групата во 23:00 часот од Скопје (од пред договорено место) кон  Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

Втор ден: 16.02.2024 (петок) Пристигнување во Херцег Нови во предпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмени шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив...сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. Освен за време на летната туристичка сезона, Херцег Нови е особено атрактивен во февруари, кога цветаат мимозите во чија чест се организира најзначајната фестивалска манифестација зачинета со вкусна храна и  забава. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте  туристички места низ кои се простира Херцегновската ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотел Palmon Bay Hotel & Spa 4+* (https://www.palmonbayspa.com). Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и  Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која  го враќа балансот на  природните минерали и соли во телото.  Во вечерните часови присуствуваме на свеченото отварање на 55-от фестивал на жолтото цвеќе-мимозите со бесплатен концерт на отворено на Халид Бешлиќ. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Трет ден: 17.02.2024 (сабота) Појадок. Ден за учество во традиционалната улична забава посветена на мимозите. Во претпладневните часови организирано заминување кон Баошиќи, местото каде се одржува централната манифестација по повод отварањето на Фестивалот на мимозите. Долж целата херцегновска ривиера од Кумбор преку  Џеновиќ до Баошиќ организаторите на оваа манифестација на сите гости бесплатно им делат пржена риба и вино, а низ улиците дефилираат мажоретки во придружба на Градскиот оркестар кои ги даруваат гостите со цвеќето кое цвета токму во февруари и и` пркоси на зимата. Шарената и весела поворка  совршено се совпаѓа во жолтиот декор на градот кој мириса на опојните мимози-дури 35.000 стебла мимози се посадени на оваа ривиера. Во попладневните часови враќање во хотелот. Слободно време за користење на базенот и спа центарот, како и за индивидуални прошетки низ Игало и Херцег Нови. Ноќевање.

Четврти ден: 18.02.2024 (недела) Појадок.  Слободно време за индивидуални активности и користење на базенот во хотелот. Во пладневните часови напуштање на хотелот и заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  159 € (9.860 денари)
(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотел Palmon Bay Hotel & Spa 4+ *  во Игало (сместување во стандардни соби со поглед во двор)

- Користење на базенот и спа центарот во хотелот

- Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич

- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Доплата за еднокреветна соба - 26 евра од вечер

- Туристичка такса (се плаќа во агенцијата) – 1,50 евра по лице од вечер

- Патничко осигурување

 

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници