ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА
ЈОРДАН
Акаба – Вади Рум – Петра – Мадаба – Небо – Мртво море – Аман – Џераш – Аџлун

 

Директен лет од Софија

ЈОРДАН со официјален назив Хашемитско Кралство Јордан со векови ги воодушевува посетителите со своите градови, пустинските пејзажи кои инспирираат и локалитети под заштита на светско културно наследство. Ова е авантура која ке ве одведе до драматичен црвен песок на југ, карпести рамници со вулкански базалт на исток, брда со маслинови стебла на север па се до најниската точка на Земјата – Мртво Море.

Цените во табелата се во евра, по лице, во стандардна соба на база појадок и вечера, со вклучени аеродромски такси.
 

Полупансион

Двокреветна соба

Еднокреветна соба

Трет возрасен

Дете од 2-12 г.

22.10 - 29.10

7 ноќи


930 еур


1095 еур


902 еур


699 еур


Авио превозник:  European Air Charter


ПРОГРАМА

 

ДЕН 1 Софија – Акаба          Состанок на групата на аеродром во Софија во договорено време. Полетување за Акаба и  пристигање на аеродром во Акаба околу 11:00ч. локално време, средба со представник на локалната агенција. Сместување во хотел во Акаба. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 2 Акаба           Појадок. Слободно време за плажа или по желба полудневна екскурзија - снорклинг, нуркање во топлите тропски  води на Црвено море. Вечера.

ДЕН 3 Акаба – Вади Рум  Појадок. По појадокот се упатуваме кон јужен Јордан за да ја посетиме мистериозната пустина Вади Рум која домаќините ја нарекуваат ,,Долина на месечината“. Патувањето во Вади Рум е патување во некој друг свет. Ова е еден од најубавите пустински пејзажи на светот украсен со масивни планини кои се издигнуваат од розевиот пустински песок. Денес овде живеат неколку бедуински племиња. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 4 Вади Рум – Петра  Појадок.  Посета на древниот набатејски град Петра – едно од седумте светски чуда и под закрилата на УНЕСКО. Вистинско богатство од антички свет скриено помеѓу планини и опкружено со прекрасни пејзажи, Петра е најголемата знаменитост на Јордан. Црвеникавиот град бил древна престолнина на Набатејското Царство, исклесан во камените карпи пред 2000 години. Петра привлекува патници од цел свет. Главниот влез во Петра е драматичен и возбудлив, долг 1 км, декориран со природни скулптури а целиот комплекс има околу 800 споменици – згради, гробници, купатила, храмови, прикриени капии и улици . Сместување во хотел во околината на Петра. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 5 Петра – Мадаба – Небо – Аман  По појадокот следува посета на Мадаба – град познат по мозаиците на Ерусалим и Светата Земја од 6ти век, прошетка до православната црква „Свети Георги(не се влегува). Планината Небо - местото каде почива пророкот Мојсие и од каде се пружа прекрасен поглед кон долината на реката Јордан, Мртво Море а на ведро време погледот ќе стигне до крововите на Ерусалим, спомната во библијата како место каде Мојсеј ја виде  Ветената Земја. Од врвот ќе ја видите неверојатната панорамска глетка кон реката Јордан, Мртво Море и Ерусалим. Ноќевање во Аман.

ДЕН 6 Аман – Џераш – Аџлун – Аман  По појадокот се упатуваме во посета на древниот римски град Џераш -  сместен во мирна долина, го претставува величествениот Рим надвор од границите на Италија. Се до денес зачувани се Адријановата арка, хиподромот, храмови на Зевс и Артемида, овалниот Форум, улици и колонади, амфитеатри, просторни плоштади, римски бањи, фонтани ... Продолжуваме со посета на еден од најважните историски објекти на Блискиот исток - Аџлун. Замокот Ajloun (Qal'at Ar-Rabad) е прекрасен пример за исламска архитектура, изграден во 1184 г. за да дејствува против напредувањето на крстоносците и како заштита на комуникациските патишта меѓу Јордан и Сирија. Следува градска тура низ Аман - престолнината на Јордан. Посета на Цитаделата – археолошки остатоци од древните грчки и римски  периоди. Поста на Храмот на Херкулес и Музејот на Цитаделата со статуетките Еин Газал, изработени пред повеќе од 6500 години. Посета на Античкиот  театар. Панорамски разглед на Аман со автобус - Стариот пазар Сук, Дворецот на кралот, џамијата на Абдула, со фото паузи. Ноќевање во Аман.

ДЕН 7 Аман – Мртво море – Акаба  По појадокот продолжуваме кон Мртво море, најниската точка на земјата, длабоко во долината на реката Јордан и на 55 км југоисточно од Аман. Ноќевање во Акаба

ДЕН 8 Акаба – Софија   Појадок. Трансфер до аеродром Акаба. Полетување Акаба - Софија

 

Цената е по лице, во евра и вклучува:

·         Авио билет Софија – Акаба – Софија со вклучени аеродромски такси;

·         Рачен багаж (40/30/20 см.) и 20 кг  чекиран багаж;

·         3 ноќи во Акаба на база полупансион во хотел Baity Boutique 4* или сличен ;

·         2 ноќи во Аман на база полупансион во хотел Mena Tyche 4* или сличен;

·         1 ноќ во Петра на база полупансион вo Petra Guest house 4* или сличен;

·         1 ноќ во Вади Рум - Hassan Zawaydeh camp на база полупансион

·         ГРАТИСЏип сафари во Вади Рум за резервации до 15. Април 2022

·         Целодневна екскурзија до Петра;

·         Посета на Мадаба, Небо и Мртво море;

·         Градска тура во Аман, посета на Џераш и Аџлун.

·         Трансфери со комотни климатизирани автобуси за време на целата рута;

·         Водич на бугарски јазик за време на целата рута;

·         Сите влезни такси за посета на објекти за време на турите;

·         Слушалки за време на разгледите;

Цената не вклучува:

·         Екскурзија Акаба – со нуркање (snorkling) во Црвено море - цена 50 еур;

·         Бакшиж за возачите околу 1- 2 усд на ден по лице;

·         Бакшиж за водичите околу 1- 3 усд на ден по лице;

·         Пијалоци за време на оброците;

·         Индивидуални трошоци;

Во цената на пакетот не се вклучени  такси и други дополнителни трошоци кои не можат да се пресметаат пред склучувањето на договорот а постои можност да се плаќаат како на пр. туристички такси, градски такси, такси за слетување или трансфер до или од пристаништа и аеродроми, цената на влезните билети за туристички места, музеи, бродови, фериброд, користење на јавен превоз во некои градови итн.

За мин. 15 пријавени патници постои можност за организиран трансфер од Скопје

Гранични процедури и COVID 19 протоколи

Во моментот се влегува слободно, без тестови и вакцинални сертификати. Доколку има промени, сите патници ќе бидат навремено информирани.

Влезна виза за Кралство Јордан во моментот е бесплатна.

Претставник на партнер агенцијата на излез од авионот ќе ги подигне пасошите, ќе ги заврши визните формалности, а потоа ќе ги насочи туристите во делот за подигање на багажот.

Услови за резервација:

Депозит 30% при резервација

Доплата 30 денa пред тргнување

Патните документи се издаваат 5 дена пред полетување

Отказ:

До 24 часа од направена резервација не се наплаќаат пенали

До 30 дена пред поаѓање се наплаќа 50 еур пенал

До 21 ден пред поаѓање се наплаќа 50% пенал

Од 21 – 1 ден пред поаѓање пеналот за отказ е 100%

 

ОПИС НА ЕКСКУРЗИЈА АКАБА со нуркање (snorkling)

Цена: 50 еур по лице

Полудневно крстарење со брод, нуркање во Црвено море и неговите мистериозни длабочини. Нуркањето во Црвено море е слично како да се спуштате во некој огромен аквариум бидејќи водата е толку чиста што дури од бродот можете да набљудувате калеидоскоп од бои на риби и корали. Трансфер до Акаба.

Цената вклучува: транспорт со автобус, билет за брод и снорклинг.

Цената не вклучува: разгледи и трошоци од индивидуален карактер.

 

ВАЖНИ услови за отказ

20 дена пред најавените датуми на поаѓање, соодветната програма ќе биде потврдена доколку е собран минимум патници или откажана доколку не е собран потребниот минимум. Ако програмата е потврдена, тогаш во рок од 24 часа сите патници се должни да ја потврдат својата резервација и да доплатат  100%. Доколку во последните 20 дена условите за патување се променат во негативна насока и тоа доведе до откажување на летот, клиентите ќе добијат ваучери за уплатената сума. Во случај на позитивен PCR тест направен  14 дена пред датумот на поаѓање, 100% од уплатената сума ќе биде вратена во рок од 14 дена по датумот на патување.

НАПОМЕНИ

Ова патување не е препорачливо за лица со ограничена подвижност.

Потребен е валиден пасош, минимум валидност  6 месеци од датумот на напуштање на Јордан.

Агенцијата го задржува правото да направи промена на програмата
Плаќањето се врши во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 денари